Бели лешници -Трик за најлесно да отстранете лушпа од лешници.

Трик за бели лешници, најлесно да ја отстранете лушпата дома

Денес постојат разни рецепти во кои се употребуваат исклучиво бели лешници, односно се препорачува да им е отстранета внатрешната кафеава лушпа. Подолу во текстот ќе откриете која е тајната и најлесниот начин за најубави бели лешници.  

Бели лешници -Трик за најлесно да отстранете лушпа од лешници

Лешниците се омилените јаткасти плодови на многумина, а препознатливата арома и вкус овозможува тие да се користат на многу начини. Долго време, лешниците се познати и користени не само како храна, туку и како дел од различни ритуали и прослави. Лешниците во својот состав содржат значајни количини на есенцијални масни киселини, многу витамини и минералиЛешникот се смета за симбол на плодноста и во минатото често се користел како важен детал на свадбените свечености. За користа и здравствените придобивки од лешниците повеќе прочитајте тука.

Бидејќи постојат повеќе рецепти во кои е потребно лешниците да се исчистени од темната лушпа ние ви откриваме кој е најлесен начин да успеете во тоа. Следете ги овие неколку чекори:

  1. Загрејте ја рерната на 180 степени.
  2. Лешниците ставете ги алуминиумска тава, при што внимавајте да не ви останала некоја од тврдите надворешни лушпи на лешниците или друг стран предмет.
  3. Тавата со лешници ставете ја во рерна и оставете ја да стои околу 5-10 минути на таа температура.
  4. Извадете ги лешниците од рерната и турете ги врз чиста крпа.
  5. Со помош на крпата тријте ги лешниците и ќе забележите дека темните лушпи излегуваат лесно.
  6. Кога ќе завршите лешниците се бели, прекрасни и спремни за употреба.

Сподели: