Сѐ за храна помеѓу најдобрите 10 сајтови во Македонија

Сѐ за храна помеѓу најдобрите 10 сајтови во Македонија

Помина уште една убава година, споделуваме рецепти, совети за здравјето и кујната, правевме домашни лекови и дегустиравме традиционална храна. Се дружевме на настани, креиравме едукативни предавања, се дружевме со средношколците и со студентите од повеќе факултети и разговаравме за различни теми поврзани со исхраната и здравјето. Шетавме со нашите автори и пријатели, ги откривавме убавините на Македонија, а најповеќе уживавме во вкусот на традиционалната храна. Учествувавме во повеќе ТВ емисии, готвевме во живо и споделувавме препораки на различни теми. Бевме дел од повеќе хуманитарни акции и дониравме онаму каде што беше најпотребно. И на крај, сите вие кои ја поддржувате нашата работа, гласавте на изборот за Најдобар сајт 2017. Со заеднички сили, љубов и желба, сите ние потврдивме дека храната е област која многу ни значи, а квалитетот може да биде препознаен. Драги пријатели, да ве информираме дека ги добивме резултатите од изборот за Сајт на годината 2017. И овој пат, Сѐ за храна е меѓу најдобрите 10 сајтови во Македонија, во конкуренција од преку 200 пријавени сајтови.

гласање за најдобар сајт 2017

Гласајте за Сѐ за храна да биде најдобар сајт за Храна и здравје за 2017

Почитувани пријатели, минатогодишното признание и освоеното 2-ро место на изборот Сајт на Годината, во категоријата Најдобар сајт за Храна и Здравје, значеше голем поттик за да работиме понапорно и да одиме чекор напред за да ви го пружиме најдоброто од нас. Искрено се заблагодаруваме, затоа што верувајте успехот не би бил можен без вас и вашата поддршка!

саем за волонтери битола

Сѐ за храна учествуваше на Саем за волонтеризам 2017

По трет пат во Битола, во организација на Американското Катче Битола и Амбасадата на САД во Македонија, се одржа Саем за волонтеризам 2017 . Саемот беше отворен за сите и посетен од голем број средношколци, студенти и млади професионалци кои се запознаа со актуелните волонтерски можности во Битола, регионот и Европа. На саемот се претставија 10 невладини организации од Битола и регионот, кои на заитересираните им ги презентираа своите волонтерски можности и ги споделија нивните успешни приказни и проекти.

Сѐ за храна ќе биде дел од овогодинешниот Саем за волонтеризам 2017

Во просториите на Техничкиот Факултет во Битола, на 2 Октомври (понеделник) од 12:00 часот до 15:00 часот, во организација на Американското Катче Битола и Амбасадата на САД во Македонија, ќе се одржи Саем за Волонтеризам 2017. На овој саем учество ќе земат повеќе невладини организации од Битола и регионот.

гратис влезница

Добијте гратис влезници на Health, Fitness & Wellness Expo 2017!

Ситно броиме до третото издание на Health, Fitness & Wellness Expo, кој ќе се одржува овој викенд, 23-24ти септември, во Градскиот парк во Скопје, на терените Работнички. Бидејќи интересот за настанот е огромен, сакаме нашите драги читатели да ги наградиме со гратис влезници за двата дена за овој прекрасен настан!

HFW Expo

Трето издание на HFW Expo во септември!

Септември е месецот со кој започнува сезоната на нови почетоци, прифаќање на нови здрави навики, започнување со спортска активност, правилна исхрана, нови методи за релаксација, грижа за здравјето и изгледот, кои потоа се трудиме да ги одржиме во текот на целата година.

Галерија од креативна работилница „Со боите на храната креираме уметност“ 1

Галерија од одржаната креативна работилница „Со боите на храната креираме уметност“

Во рамките на Битфест 2017, на 27.06.2017 година, со почеток од 19:00 часот, на плоштадот Магнолија во Битола, Сѐ за храна одржа креативна работилница „ Со боите на храната креираме уметност“. На истата беа презентирани креативни мозаици и цртежи од храна, декорации со храна и предмети кои се употребуваат во домаќинството, рециклирани шишиња и тегли кои беа претворени во украсни детали за домот или за изработка на накит и слично.

bitfest 2017

Сѐ за храна ве поканува на креативната работилница „Со боите на храната креираме уметност“

Во рамките на Битфест 2017, Сѐ за храна ве поканува на креативната работилница „ Со боите на храната креираме уметност“. Истата ќе се одржи на 27.06.2017 година, со почеток од 19:00 часот, во Магазата во Битола.