Многу пати сме спомнале дека ги обожаваме брзите десерти. Секогаш сме спремни да пробаме нешто ново. Па така, ни се допадна и овој лесен рецепт за амарети кој ни доаѓа од кујната на нашата пријателка Лана и одлучивме да го споделиме со вас. Се надеваме дека и вам ќе ви бидат вкусни.
„Се подготвуваат многу лесно и брзо, а од оваа доза излегуваат околу два плеха колачи. Мислам дека би биле добри и со лешници, а особено ако малку ги декорирате со стопено чоколадо, мх, мх…“ – вели Лана.

Состојки:
- 2 белки од јајце
- 100 г шеќер
- 150 г мелени или толчени бадеми
- 1 рамна лажица брашно
- прстофат сол.
Подготовка:
- Најпрво започнете со припрема на бадемите. Ако користите бадеми со лушпа, потребно е претходно да ги излупите и кратко да ги потсушите во рерна пред да ги мелите или толчите. За да ги излупите бадемите, наједноставно е да ги прелиете со врела вода и да ги оставите 5 минути, а потоа да ги исцедите. Почекајте малку да се изладат и отстранете ја тенката лушпа.
- Исчистените бадеми распоредете ги во плех и сушете ги 10-тина минути во претходно загреана рерна на 150 степени.
- Кога бадемите ќе се изладат, ставете ги во блендер, мелница за кафе или истолчете ги.
- Штом сте завршите со припремата на бадемите, измешајте ги со брашното.
- Белките матете ги во длабок сад со постепено додавање на шеќерот.
- Во садот со белките и шеќерот додадете ја мешавината од бадеми и брашно. Измешајте со лажица.
- На тавата во која ќе ги печите колачите ставете хартија за печење.
- Смесата ставете ја во шприц со поширок тркалезен отвор и направете топчиња врз хартијата за печење. Шприцот треба да биде поставен право и нежно да се истисне смесата од него, притискајќи на средината, без да го мрдате.
- Оставете малку место помеѓу колачите за да не се залепат во печењето. Ако се направи остар врв на колачите, може само нежно да го притиснете надолу со влажен прст.
- Загрејте ја рерната на 175 степени и печете 15 до 20 минути, без да ја отворате. После 15-20 минути проверете дали амаретите се доволно исушени. Ако е потребно, вратете ги во рерната уште 1 до 2 минути.
- Колачите се вадат од плехот кога малку ке се изладат. Најлесно се вадат со шпатула.
- Изладените амарети чувајте ги во затворена кутија, така што ќе останат вкусни и крцкави.
Идеја плус: Колачите можете да ги испрскате со растопено чоколадо.
Ако и вие како нас ги обожавате брзите колачи, ви препорачуваме да прочитате: Брзи колачи со мусли.