Не треба секогаш да има некоја посебна причина за да направите нешто убаво и слатко за да ги изненадите вашите сакани. Направете ги овие нежни бели мињони со јагоди, спакувајте ги во убава кутија со машничка и подарете ги на личноста која за вас е посебна. Овој рецепт го најдовме на блогот кај нашата пријателка Лана, а знаеме дека ќе уживате како и во сите други нејзини рецепти!
Колачите се многу сочни и со прекрасна овошна арома на лимон и јагоди. Пријатно освежуваат и се топат во уста, па мора да ги пробате и да уживате во нив заедно со вашиот сакан или најдобра другарка. На здравје!
Состојки:
За тесто:
- 4 белки од јајце
- 150 г шеќер
- 125 г путер
- 200 г брашно
- 1 прашок за печиво
- 250 г млеко
- рендана кора од лимон.
За сируп:
- 75 мл вода
- 1 чаша шеќер
- сок од 1 лимон.
За фил:
- мармалад од јагоди
- 200 г слатка павлака.
За глазура:
- 300 г бело чоколадо
- 9 лажици масло.
Подготовка:
- Најпрво, во поголем сад за матење, ставете ги белките со половина од шеќерот (75 грама) и изматете ги во цврста пена.
- Во одделен сад, измешајте ги брашното и прашокот за печиво.
- Во друг поголем сад измешајте ги путерот и преостанатата количина шеќер, па добро изматете со миксер. Потоа, наизменично, без да прекинете со матењето, додавајте од млекото и брашното во садот со изматениот путер.
- На крај во вака подготвената смеса додајте ги и претходно изматените белки, нарендајте малку кора од лимон и измешајте со лажица.
- Смесата турете ја во голем плех кој претходно сте го обложиле со хартија за печење. Печете во претходно загреана рерна на 180 степени околу 20 минути.
- Во меѓувреме додека се печи тестото направете го сирупот, така што ќе ги зовриете шеќерот и водата и на крај ќе го додадете сокот од лимон.
- Испечената кора извадете ја од плехот и попрскајте ја рамномерно со припремениот сируп. Оставете ја да се излади во целост и исечете ја на два дела.
- Слатката павлака изматете ја во цврст шлаг. Едната кора премачкајте ја со тенок слој од мармалад од јагоди, а потоа нанесете ја изматената слатка павлака. Над слатката павлака ставете ја и втората кора.
- Вака подготвениот колач прекријте го со најлонска фолија и ставете го во замрзнувач за да се стегни.
- Белото чоколадо заедно со маслото растопете го на пареа.
- Изладениот колач исечете го на коцки со димензии 3*3 см со што ќе добиете колачиња. . Секое од колачињата, прелијте го со глазурата од бело чоколадо.
- Готовите колачи украсете ги со цветови и листови направени од желе бомбони, или декорирајте по желба.
Ви препорачуваме да прочитате: Срце колачи со крем од бело чоколадо.