Ако се навратиме во минатото, ќе забележиме дека претците ги користеле лековитите растенија за лекување на различни состојби. Така, старите перуански племиња се лекувале со билката мачја канџа. Ја користеле за различни болести меѓу кои и артритис. Што е мачја канџа? Дали ја има кај нас? За што сѐ може да се користи? – Одговор на овие прашања ни даде Д-р Нела Деспотовска.
Што е мачја канџа?
Мачјата канџа е густа дрвенеста лоза која расте во амазонската прашума и други тропски области во Јужна и Централна Америка. Името го добила по закривените трње слични на канџи кои растат на нејзиното стебло. Се употребува одамна, а пеуранските племиња ја користеле за лекување на многу болести како алергии, артритис, бактериски и вирусни инфекции, чир на желудникот и други пореметувања на гастроинтенстиналниот тракт, болести на уринарниот систем и нередовни менструации.
Содржи различни биоактивни соединенија: стероли, органски киселини, танини, проантоцијанидини, гликозиди на киноична киселина, флавоноиди, како и најзначајните оксиндол алкалоиди на кои се препишуваат благотворните ефекти на оваа билка.
За што помага?
Според Европската агенција за лекови, некои од индикациите за кои се користи оваа билка се:
- Ублажување на симптомите при проблеми со локомоторниот систем – реума, артритис и воспаление на зглобовите.
- Зајакнување на имуниот систем.
- Се користи како помошна терапија за лекување на акутни и повторувачки заразни болести.
- Акутно и хронично воспаление на кожата – убоди од инсекти, посекотини, модринки.
Како помага при лекување на ревматоиден артритис?
Една од најчестите примени на мачјата канџа е при артритис. Истражувањата ги потврдиле нејзините придобивки за ублажување на симптомите и намалување на болките. Во една студија биле опфатени 40 лица со ревматоиден артристис. Студијата траела 24 недели. Дел од испитаниците земале 60 мг екстракт од мачја канџа секој ден. На крајот од студијата било утврдено дека групата која користела мачја канџа имала значително намалување на болките во зглобовите во споредба со групата која не го земала овој додаток.
Дали е ефикасна при остеоартритис?
Остеоартритисот е еден од најчестите проблеми со зглобовите кои предизвикува болни и вкочанети зглобови. Истражувањата ги анализирале ефектите на мачјата канџа и за остеоартритис. Во една студија биле опфатени 45 лица со остеоартристис на колената. Користеле 100 мг мајча канџа во период од 4 недели. Кај испитаниците било забележено намалување на болките за време на физичката активност. Не биле забележани странични ефекти.
Научниците веруваат дека мачјата канџа може да ги намали симптомите на остеоартритис благодарение на нејзините антиинфаматорни карактеристики.
Дали ја има во аптеките и од каде може да се набави?
Ја препорачуваме мачјата канџа – Cat’s Claw од брендот NOW. Може да се набави од поголемите аптеки или преку онлајн продавницата на vitamini.mk. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги vitamini.mk на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.
Може да те интерсира: Д-р Нела Деспотовска советува: Намалете ги болките во зглобовите при артитис и гихт со помош на концентрат од цреша.
*Текстот е овозможен од vitamini.mk.