желатин

Желатин – природен лек за намалување на болките во половината

Ако сакате да ја намалите телесната тежина и болките предизвикани од остеоартритис, реуматски артритис и остеопороза, конусмирајте желатин. Одредени клинички испитувања докажале дека желатинот може да ја намали болката и да ја подобри функцијата на зглобовите кај пациенти со остеоартитис.

Желатинот се состои од протеини, вода и минерални материи, а се добива со преработка на анималните производи. Тој содржи 9 есенцијални аминокиселини кои се неопходни за одржување на организмот. Глицинот, аминокиселина која што ја има во желатинот е значајна за правилна работа на црниот дроб и елиминирање на токсините од телото.  Лизинот кој исто така влегува во состав на желатинот, ја помага апсорпцијата на калциумот и учествува во градбата на мускулите. Желатинот содржи колаген, кој што е потребен за изградба на рскавиците и коските. Затоа некои луѓе сметаат дека желатинот може да помогне при артритис, други состојби на зглобовите, зајакнување на коските, зглобовите и ноктите. Желатинот исто така се користи за подобрување на квалитетот на косата и намалување на времето за оправување од спортски повреди.

желатин

Како да консумирате желатин за намалување на болките во половината, зглобовите и нозете?  

Доколку имате болки во грбот, зглобовите и нозете, пробајте го домашниот лек со желатин.

Навечер, ставете половина ќесичка желатин (5 грама) во една четвртина чаша ладна вода. Измешајте и оставете го желатинот да стои преку ноќ. Наутро желатинот додадете го во јогурт, млеко, топло какао, сок, смути и испијте го на празен желудник. Покрај тоа, може да растворите една лажица желатин во топла вода и да ја испиете на утро, на празен желудник. Третманот правете го во тек на еден месец, а подобрување може да забележите по 3 до 4 дена.

За да се постигни овој ефект се препорачува да се консумира желатин од говедско потекло.

Желатинот е безбеден за употреба кај повеќе луѓе, а се препорачува максимално да се консумира до 10 грама на ден, за период од 6 месеци. Желатинот може да предизвика непријатен вкус, чувство на тежина во стомакот, подуеност, а кај некои лица и алергиски реакции.

Во производството желатинот често се користи за подготовка на храна, во козметиката и медицината. Често влегува во состав на гумените бонбони, маршмелоу, десерти со желатин, сладолед и сосови.

Сподели: