Доколку сте во потрага по најдобрите празнични рецепти, вие сте на вистинското место. Сѐ за храна ги има највкусните рецепти кои покрај тоа што се декоративни, се и лесни за подготовка. Овие празници разубавете ги со неодоливо симпатични и слатки божиќни овошни мафини. Слатки, меки, едноставно совршени! Нешто што мора да го имате на вашата трпеза овие празници.
Вистинско уживање за децата, но и за малку поголемите „деца“ кои се обожаватели на мафини. Разбудете ја вашата фантазија и со помош на вредните рачиња на најмилите креирајте вкусна празнична магија. Инспирација нека ви бидат божиќниот дух и шаренилото кое ни го носат празниците!

Состојки:
- 1 јајце
- ½ чаша шеќер
- ½ чаша млеко или јогурт
- ¼ чаша Брилијант масло
- 1 чаша брашно
- прстофат сол
- 1 ќесичка ванилин шеќер од Витаминка
- ½ лажичка цимет од Витаминка
- ½ ќесичка прашок за печиво од Витаминка
- овошје по избор: боровинки, малини, капини, а може и комбинација од повеќе овошја
- 1 лажичка какао или 50 г Синтагма какао крем за торти и колачи по желба.
За декорација:
- 1 ќесичка шлаг пена од Витаминка
- 150 мл млеко
- прехранбени бои по избор
- шеќерни украси и шарени бонбони.
Подготовка:
- Во длабок сад ставете ги јајцето со шеќерот и изматете ги со миксер. Потоа, додајте ги млекото и маслото и добро измешајте со лажица.
- Во садот додајте ги брашното, солта, печивото, ванилиниот шеќер и циметот. Повторно измешајте за да се соединат сите состојки.
- На крај, додајте го и овошјето и уште еднаш се добро промешајте.
- Калапот за мафини обложете го со хартиените корпици. Секоја корпица наполнете ја со подготвената смеса за мафини во висина од 2/3. Доколку мафините ги правите со боровинки, секое колаче може да го поросите со прстофат цимет, а доколку користите малини, може да додадете и парчиња чоколадо.
- Готовите мафини печете ги во претходно загреана рерна на 200 степени околу 20 минути.
- Печените овошни мафини оставете ги да се изладат.
- Шлаг пената ставете ја во сад за матење и додајте го млекото. Изматете со миксер за време од 3-5 минути. Шлагот поделете го на неколку делови. Во секој дел додајте прехранбена боја по избор. Со помош на готварски шприц декорирајте ги мафините. На крај украсете ги со шеќерни бонбони и други украси со новогодишни мотиви. Уживајте во светот на вкусовите!
Ви препорачуваме да прочитате: Празничен чоколаден ролат – Божиќна гранка.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран текст.