На предлог на нашата пријателка Диана, го споделуваме рецептот за вкусните бомбици со бело чоколадо и бисквити. Симпатични, бели колачиња кои може да се вклопат на сечија трпеза!
Подготовката на бомбиците е едноставна и лесна, па би рекле дека секој може да ги направи. Идеални се како визитарски колачи кои може да се послужат штом очекувате гости. Ви препорачуваме да ги направите, затоа што сигурно ќе ви се допаднат.

Состојки:
- 100 грама рендано бело чоколадо
- ¼ чаша слатка павлака
- 1 ¼ – 1 ½ чаша мелени бисквити
- ¼ чаша чоколаден ликер или пунч
- 1 лажица млеко во прав
- ¼ мала лажичка мелено индиско оревче
- ¼ мала лажичка цимет.
За глазура:
- 150 грама бело чоколадо
- 1 мала лажичка кокосово масло.
Подготовка:
- Во мало тенџере на оган ставете ја течната слатка павлака. Штом павлаката зоврие во тенџерето додајте го ренданото бело чоколадо и чоколадниот пунч. Тенџерето тргнете го од огнот и измешајте за да се растопи белото чоколадо.
- Во меѓувреме мелените бисквити, млекото во прав, циметот и меленото индиско оревче ставете ги во длабок сад и измешајте ги.
- Штом смесата кратко се излади, во садот додајте ја смесата со мелените бисквити и циметот. Измешајте со лажица за да се добие хомогена смеса.
- Потоа, садот со смесата за колачите ставете го во фрижидер. Оставете ја смесата додека се стврдни.
- Од изладената смеса формирајте бомбици со големина на орев, а потоа повторно ставете ги во фрижидер.
- Белото чоколадо со кокосовото масло растопете ги на пареа.
- Бомбиците полијте ги со растопеното чоколадо. По желба декорирајте ги со чоколадо, цимет или други аромати.
- Вака приготвените бомбици може да се чуваат во затворена кутија во фрижидер до една недела, или може да се замрзнат и да се консумираат по потреба. На здравје!
Ви предлагаме да прочитате: Бомбици со тиква, бисквити, рум и бело чоколадо.