Овој рецепт за брза пита од лиснато тесто е комбинација на вкусови за уживање! Несекојдневен е кога ќе го видите резултатот, но затоа и неверојатно е уживањето кога се јаде! Уште едно неодоливо нешто од кујната на Невена!
И честитаме на Невена за креативноста, а за вкусот, што да кажеме, секој рецепт своја приказна, мора да пробате за да знаете. Тиквата е главна во филот, дава кремаста структура и неизмерно задоволство при џвакањето. грашокот пак, ја прави прекрасна на лик и го збогатува вкусот. Како и да е, најлесно ќе не разберете ако питава си ја направите дома и го изненадите семејството. Еве го рецептот.
Состојки:
- 1 лист готово лиснато тесто
- 400 гр тиква
- 40 гр грашок
- 1 јајце
- 100 гр павлака
- 1/2 лажиче сол
- 30 гр путер
- 150 мл вода.
Подготовка:
- Тиквата исечете ја на помали коцки и ставете ја да се динста со водата и путерот додека омекне и течноста испари.
- Оставете ја да олади.
- Во сад изматете го јајцето и павлаката, додадете ја оладената тиква, грашокот и солта и се заедно измешајте.
- Лиснатото тесто ставете го во тавче (26) обложено со хартија, избоцкајте го со вилушка и ставете ја подготвената смеса.
- Се печи во претходно загреана рерна на 200 С 30-40 мин.
Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.
Ви препорачуваме да прочитате: Домашен зелник со тиква.