Брза пица од тесто без нараснување 1

Брза пица од тесто без нараснување

Секое време е добро време за супер вкусна брза пица од тесто без нараснување! Што се однесува на „топингот“ секако дека е најдобро да е по вкус, а ние имаме една проверено добра комбинација која препорачуваме да ја пробате за промена на вкусот и размрдување на менито.

Наместо стандардниот вкус, ви предлагаме да пробате со додаток на колбаси како дел од состојките за одозгора. Пицата има посебен шмек и уште побогат вкус. За најдобар ефект, искомбинирајте со чадена сланина или друго чадено месо по вкус, кое дефинитивно препорачуваме да го набавите од месарниците на Агриа, кои работат на принципот од „нива до трпеза“. Штом еднаш ќе го пробате месото од Агриа, сигурни сме дека тоа ќе биде ваш прв избор. Да ги поддржиме македонските компании, да купуваме домашни производи и да правиме добри избори при набавката!

брза пица од тесто без нараснување

Состојки:

  • 2 чаши брашно
  • 1 чаша кисело млеко или јогурт
  • 1 мала лажичка сол
  • 1 кесичка прашок за печиво.

*Чашата е 250 мл.

За фил:

  • неколку лажици доматен сос
  • оригано по потреба
  • 250 г рендан кашкавал
  • 200 г комбинација од чадено месо и колбаси по избор од  Агриа (идеално по 100 г од двата типа месо)
  • 4-5 г сечкани шампињони на листови.

Подготовка:

  1. Во длабок сад за месење ставете ги пресеаното брашно, киселото млеко, солта и прашокот за печиво. Убаво измешајте ги и добиената смеса убаво измесете ја додека добиете меко тесто.
  2. Без да чекате да нарасне, со помош на рацете развлечете кора, а ако сметате дека не сте доволно вешти, исучете кора со помош на сукало.
  3. Кората ставете ја во плех обложен со хартија за печење или намрсете го, а потоа ставете ги состојките одозгора. Прво ставете го доматниот сос, па поросете оригано, распределете го ренданиот кашкавал, па распоредете ги лентите чадено месо и тенко насечените парчиња колбас по избор.
  4. Пицата печете ја во претходно загреана рерна на 250 степени за време од 10 до 15 минути. Послужете ја додека е топла и на здравје!

Совети плус:

  • За да заштедите на време, можете да користите и готово тесто за пица.
  • По желба може да експериментирате со додатоците одозгора.
  • За да го извлечете максимумот, најважно е да го купувате од проверен производител. Ние имаме избрана и проверена месарница која секогаш излегува во пресрет на нашите очекувања и топло ви препорачуваме да ја посетите Агриа, чие месо е со врвен македонски квалитет. Во нивната палета ќе најдете скараџиски, селски, домашни, барени колбаси, како и различни месни преработки. А за сите новости и акции посетете ја веб страницата на Агриа и следете ги на Facebook и Instagram.
Колбаси агриа

Ви предлагаме да прочитате: Турско пиде со мелено месо – лесен рецепт и Печени колбаси со сланина и кашкавал.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Поддржан рецепт.

Сподели: