Ако ви се најавиле гости и имате само кратко време за припреми, рецептот за овие брзи кифлички ќе биде вашиот „добар пријател“. Секое време е добро време за проба!
Да бидеме искрени и кога имаме недостаток на време, а и кога сакаме да испланираме повеќе нешта во еден ден, одлично доаѓаат ваквите рецепти. Брзи и доста практични за подготовка, членовите на семејството задоволни исто така, а домаќинката одморена. Па, може ли да е подобро кога станува збор за домашно? Веруваме ќе се согласите дека карактеристиките се супер, а рецептот ни го предложи Невена, па знаеме дека вкусот е добар и препорачуваме да го пробате.
Состојки:
- 500 мл млако млеко
- 200 мл масло
- 1 јајце
- 40 гр квасец
- 2 лажички сол
- 1 лажиче шеќер
- 900 гр до 1 кг брашно
За премачкување:
- 1 јајце
- по потреба сусам
- по потреба путер.
Подготовка:
- Во поголем сад се раствора квасецот со малку млеко, шеќер и брашно.
- Во сад се ставаат млекото, маслото, солта, јајцето, растворениот квасец и со брашното се замесува мазно тесто.
- Се прават топчиња (излегуваат околу 47-50) и се ставаат на намрсена површина.
- Кифличките се прават така што се започнува од првото топче што сте го направиле и се прави кифла. По желба на средината може да се стави и сирење.
- Свиткатните кифлички се редат на намрсен плех или на хартија.
- Откако ќе ги направите сите кифли вклучете ја рерната да се загрее на 200 степени, измачкајте ги со изматеното јајце, наросете ги со сусам и на секоја кифличка ставете мали парченца путер.
- Печете околу 20 минути додека добијат убава боја.
Невена ни кажа дека на овој начин ги прави и посните кифлички само што во таков случај не става јајце и млекото го заменува со вода.
Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.
Ви препорачуваме да прочитате: Рецепт за кифлички со млеко.