Кога ви се јаде нешто брзо, лесно и слатко, тоа е тоа, рецептот е пред вас! Направете си брзи колачи со мусли и сметајте дека може да уживате каде и да одите. Добри се за носење на работа, на прошетка или во училиште.
Невена ни ги опиша на многу сладок начин: „Колаченца со интегрален вкус, погодни за со млеко, чај или кафенце.“ Нејзините зборови се доволни за да ги пробаме!

Може да ве интересира: Брзи посни колачи од 3 состојки.
Состојки:
- 2 средно големи јајца
- 4 лажици шеќер
- 2 лажици мед
- 100 мл масло
- 100 мл млеко
- 250 гр мусли со разно овошје
- 300 гр брашно
- 2 лажички прашок за печиво.
Подготовка:
- Во сад за матење ставете ги јајцата, шеќерот и медот, па со помош на миксер матете додека шеќерот се стопи и добиете густ крем.
- Додајте ги маслото и млекото. Со мала брзина кратко изматете за да се соединат со јајцата.
- Исклучете го миксерот и додајте го брашното, муслите и прашокот за печиво. Мешањето на смесата продолжете го со голема лажица или шпатула. Ќе се добие густа и мека смеса.
- Рерната вклучете ја да се загрее на 180 степени.
- Во плех, во кој претходно сте ставиле хартија за печење, ставајте од смесата по една полна лажица. На тој начин, лесно се формираат колачите.
- Во загреаната рерна оставете ги да се печат околу 12-13 минути или додека добијат светла кремаста боја.
Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.
Ви препорачуваме да прочитате: Брзи кокосовки.