Денешната свест и здрави трендови на живот ни ја налагаат потребата од повеќе вакви здрави рецепти кои ќе ја задоволат нашата глад за слатки нешта. Такви се и овие брзи посни колачи на кои наидовме сосем случајно при секојдневна комуникација со нашата пријателка Славица која редовно припрема интересни и убави јадења и десерти.
Рецептот за подготовка на брзите посни колачи од само 3 состојки е едноставен и нема голема комплексност, па е одличен за сите домаќинки и домаќини, млади и искусни, зафатени и оние кои имаат повеќе време, а наидува на радост од сите возрасни групи, бидејќи е здрав и не може да штети на ничие здравје. Со овие колачиња можете да ги почестите вашите дечиња, родителите или пријателите, секој ден па и во време на пости. Во оваа насока, повелете уште еден рецепт за здрави посни бомбици со јаболка и цимет, а без шеќер.

Состојки:
- 1 банана
- 1 шолја овесни снегулки
- 1 шолја суво грозје.
Подготовка:
- Во чист сад за месење ставете ги овесните снегулки и сувото грозје.
- Измешајте ги сувите состојки, па додајте ја бананата. Бананата е најдобро да биде исечена на парчиња или пасирана, а потоа со раце убаво измесете ја целата смеса за да стане хомогена.
- На крај оформете колачи со големина по желба, а доколку имате потреба да добиете повеќе посни колачиња, слободно зголемете ја дозата.
- Печете во тава или плех обложен со пекарска хартија, на температура од 180 степени за време од 15 минути.
Брзи, здрави и вкусни! А, за љубителите на чоколадо, слободно сувото грозје заменето го со темно чоколадо и уживајте во вкусот. На здравје!
Рецептот го сподели Славица.
Ви предлагаме да прочитате и здрави бомбици со овесни снегулки и мак.