Многу едноставно и полесно здравје! Ако не знаете како набрзина да се снајдете и да се почестите со нешто обично, а сепак интересно, време е да ги пробате супер брзото мезе крокети од леб. Не е чудо од специјалитет, но вреди да се проба пријатели!
Скоро и да нема дом во кој повремено не заостанува по малку леб. Кога ќе стане бајат, никој не сака да го јаде. Искористете го и брзо и лесно направете мезе. Идејата за рецептот ја најдовме на блогот Kuhinjica-Mignone на нашата пријателка Лана.

Состојки:
- средина од стар леб
- млеко по потреба
- 2 јајца
- масло за пржење по потреба.
Подготовка:
- Најпрво изронете ја средината од стариот леб, а потоа потопете ја во млеко или вода.
- Добро исцедете ја средината, па измешајте ја со претходно изматените јајца.
- Со помош на лажица или со раце, обликувајте мали форми на крокети и пржете ги во загреано масло додека се „зацрвенат“ од двете страни.
- Готовите мезе крокети од леб извадете ги врз кујнска хартија и послужете ги додека се топли. Најубаво се вклопуваат со кисело млеко или малку сирење, а по желба може да ги направите во слатка варијанта и да ги посипете во малку шеќер или ванилин шеќер.
Ви препорачуваме да прочитате: Брзи тост лепчиња – гратинирани.