Брзи лепчиња без квасец - готови за 15 минути 1

Брзи лепчиња без квасец – готови за 15 минути

Побрз и полесен рецепт за лепчиња можеби и нема! Ги откривме и моравме да го споделиме со вас. Ако имате само малку време, а сакате да ги изненадите домашните или да одите на пикник со вкусни сендвичи, пробајте ги вака направените брзи лепчиња без квасец.

За 15 минути се прават, а за уште 15 ќе бидат на вашата трпеза. Подобро здравје, нели?!

Брзи лебчиња без квасец - готови за 15 минути 2

Состојки:

  • 200 мл јогурт
  • 200 гр бело брашно (по желба може и интегрално)
  • 50 гр пченично брашно
  • 2 лажички сол
  • 1/2 лажичка сода бикарбона.

Подготовка:

  1. Во сад за месење ставете ги сите состојки.
  2. Прво измешајте со помош на лажица, а потоа со помош на рацете оформете добро изедначено тесто.
  3. Работната површина набрашнете ја, па тестото ставете го на неа и откако кратко ќе го измесите, поделете го на 6 дела.
  4. Лесно притиснете го секое од топчињата, па ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 200 степени. Тепсијата може да биде посипана со малку брашно нанесено врз слој од масло или пак да ја обложите со хартија за печење, по желба.
  5. Печете околу 10 минути.
  6. Испечените лепчиња попрскајте ги со малку вода со прскалка или нежно навлажнете ги со помош на кујнска четка и оставете ги да се изладат. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Брзо тесто за пица без квасец.

Сподели: