Нашите читатели постојано изненадуваат! И овој пат ни предлагаат интересен рецепт за брз нискокалоричен пијалак со сурутка и инстант кафе кој може да го искористите за појадок.
Како се замислувате себеси во новата сезона? Можеби полесни, поздрави и поубави. Овој напиток е совршена алтернатива за контролиран оброк кој може да се консумира како доручек, ручек или вечера. Дава ситост и го намалува апетитот. Подготвивме за вас рецепт кој се прави за само 5 минути и може да го понесете со себе каде и да одите, а содржи само 202 калории.

Пред да направите било каков нездрав избор на храна размислете дали се пронаоѓате во следните нешта:
- Не ви одговара вашата облека
- Се чувствувате исцрпено
- Вашата кожа нема сјај
- Немате доволно енергија
- Сакате да бидете убави
- Си префрлувате на себеси дека сте јаделе
- Сакате да вежбате повеќе
- Потребна ви е промена.
Ние имаме совршен нискокалоричен оброк кој ќе ги исполни сите горенаведени желби. Богат е со протеини, минерали, растителни влакна и витамини кои го хранат телото со енергија и живост. Го забрзуваат метаболизмот и го поддржуваат слабеењето. Одличен е за луѓе кои водат брз живот, немаат доволно време да подготвуваат храна, а сакаат да се хранат здраво.
Состојки:
- 20 гр сурутка во прав
- 100 мл полумасно млеко (со 1,5% на млечна маст)
- 100 мл вода
- 2-3 капки екстракт од ванила
- 5 гр инстант кафе.
Подготовка:
- Во шејкер или блендер ставете ги сите состојки.
- Измешајте добро за време од минута до две, додека се добие хомогена смеса. Готовиот пијалак со сурутка и инстант кафе турете го во чаша за смуди и уживајте. На здравје!
Ви препорачуваме да прочитате: Рецепт за Vanilla Latte кафе.