За брокулата се знае дека е една од најздравите храни која позитивно влијае за превенција на канцер, но новите јапонски истражувања покажуваат дека таа го помага за намалување на вишокот килограми. Поточно, за ова дејство на брокулата допринесува сулфорафанот, состојка која брокулата ја содржи во голема количина.
Суфлорафанот се наоѓа во повеќе зеленчуци, а брокулата е еден од најдобрите извори. Досега се истражуваше за позитивното дејство на оваа состојка и неговите антиканцерогени ефекти, кои се и научно докажани. Па, воведувањето на зеленчуците од фамилијата зелки се препорачуваа како добра превенцијата против рак на дебелото црево.

Како може брокулата да помогне за слабеење?
Истражувањето покажало дека сулфорафанот го помага слабеењето на два начини. Првиот начин на кој сулфоранот делува е поттикнувањето на организмот да ја зголеми потрошувачката на енергија. Секој возрасен човек има три врсти на масни клетки: бели, беж и кафеави. Кафеавите и беж масните клетки го поттикнуваат согорувањето на мастите. На одреден начин, сулфорафанот влијае на претворање на белите масни клетки во беж, а со тоа се зголемува согорувањето на енергија.
Другиот начин на кој оваа состојка го помага слабеењето е преку намалување на количината на бактериската фамилија Desulfobivrionaceae во цревата, за која се знае дека може да влијае на зголемување на килограмите.
За да ги потврдат хипотезите, истражувачите од Универзитетот од Каназава споредиле две групи на глувци кои биле хранети со многу мрсна храна. На првата група им бил даван сулфорафан, а на втората група не. Глувците кои биле хранети и со сулфорафан побавно ја зголемувале телесната тежина, а имале за 20% помалку сало на стомакот, како и пониско ниво во крвта.
Се претпоставува дека овој ефект би можело да даде слични резултати и кај луѓето.
Совет плус: За да може максимално да го искористите сулфорафанот од брокулата најдобро е да ја приготвите на пареа за кратко време околу 5 минути. Исто така, дознајте кој е најдобар начин за приготвување на брокула. Не само за слабеење, брокулата е многу здрава храна, па потрудете се секојдневно да ја консумирате.
Ви предлагаме да прочитате: Вкусната и здрава брокула е моќен борец против рак.