начин на приготвување на брокула

Најдобар начин за приготвување на брокула

Организмот тешко може да ги искористи хранливите состојки од свежата брокула, додека долгото варење на брокулата ги неутрализира нејзините активни состојки, тврдат истражувањата. Па, сигурно се прашувате кој е најдобар начин за приготвување на брокула со кој може да се искористат во целост хранливите состојки?

Брокулата содржи голем број на важни хранливи состојки кои се многу корисни за здравјето. Во нив, покрај другите спаѓаат растителните влакна, сулфорафан, глукорафанин и дииндолметан. Растителните влакна се особено значење за здрава цревна микрофлора и допринесуваат за правилна функција на имуниот систем. Сулфорафанот има докажано антиканцерогено дејство. Истражувањата утврдиле дека оваа состојка ги уништува малигните клетки на ракот на дебело црево, простата, дојка и бели дробови. Истражувачите сметаат дека консумацијата на три порции брокула во текот на неделата може да го намали ризикот од рак на простата за повеќе од 60%.

приготвување на брокула

Најдобар начин за приготвување на брокула

Сулфорафанот има и други корисни својства, го зајакнува имуниот систем и делува против воспалително. Содржината на ова здраво соединение во брокулата не е подеднакво исто:

  • Изданоците на брокулата содржат 20 пати повеќе глукорафанин (соединение која во присуство на мирозиназа се претвора во сулфорафан) во споредба со зрелата брокула.
  • Замрзната брокула содржи помалку сулфорафан затоа што во процесот на бланширање брзо се уништува ензимот мирозиназа.
  • Ако ја јадете брокулата свежа, организмот ќе може да апсорбира само 12% од вкупната количина на сулфорафан.
  • Варењето на брокулата во вода или печењето во микробранова печка не се препорачува. Со овие постапки се уништува најголем дел од мирозиназата, ензимот кој овозможува да се искористи сулфорафанот.

Но, доколку брокулата ја приготвите на пареа за време од 3 до 4 минути, вашиот организам ќе може максимално да ја искористи количината на сулфорафан. Но, никако немојте да ја варите брокулата повеќе од 5 минути.

Искористливоста на хранливите состојки од брокулата може да ја зголемите доколку додадете намирници како: семе од синап, зелка, дајкон и рукола.

Ви предлагаме да прочитате: Тајни кои треба да ги знаете за да изберете и јадете свежа брокула.

Сподели: