бланширање на зеленчук

Совршено бланширање на зеленчук

Дали знаете што точно значи поимот бланширање на зеленчук? Погледнете го краткото видео кое ќе ви помогне и олесни работата во кујната при подготовка на бланширан зеленчук.

Бланширањето е постапка во која зеленчукот кратко време (3 до 4 минути) се вари во посолена зовриена вода, а потоа се става во ладна вода да се излади, така што зеленчукот ќе ја задржи својата боја, ќе биде крцкав и нема да ги загуби во голема мера хранливите состојки. Најчесто постапката на бланширање се применува за зеленчукот да омекне, полесно да се лупи, да се ублажи силниот вкус или мирис на одреден зеленчук или пак при подготовка на истиот за замрзнување.

Сподели: