Рататуј во пекач – сезонски, на мој начин

„Кога ќе го приготвам зеленчукот на овој начин, не можеме да се донајадеме, се топи во уста! Одличен е засебно или како прилог со месо или риба. Од моето семејство доби чиста 10-ка!“срдечно споделува Катерина Шамбевска Спасеновска од нашиот тим.

Може да ве интересира и: Рататуј на скара.

Рататуј во пекач - сезонски, на мој начин

Состојките даваат можност за измена, а еве што ставив јас:

  • 1 тиквичка
  • 1 модар патлиџан
  • 20-30 парчиња бамја
  • 3 средно големи моркови
  • 3 пиперки
  • 1 голема главица кромид
  • 4-5 чешниња лук
  • 3 домати.

Дополнително:

  • 250 мл вода
  • малку маслиново масло по вкус
  • сол и црн пипер
  • сечкан магдонос пред сервирање.

Подготовка:

  1. Сите зеленчуци измијте ги, а потоа насечете ги на покрупни парчиња во слична големина, со цел што подобро да се зготват.
  2. Тиквичката и модриот патлиџан насечете ги како за помфрит, но на крупни парчиња.
  3. Од бамјата само отстранете ги дршките, а морковите исечете ги на подебели кругови.
  4. Пиперките и кромидот исчистете ги, па исечете ги на покрупни ленти/кришки.
  5. Лукот насечете го по должина во вид на листови и на крај исеќете ги доматите на покрупни парчиња.
  6. Додајте ја водата, зачините и добро измешајте.
  7. Печете во пекач, во загреана рерна на 200 степени, 2.5 до 3 часа. Повремено мешајте, а штом е готово, поросете со сечкан магдонос по вкус. Совршено, на здравје!

Препорака од авторот:

Ако ви се допадна рецептот, разгледајте ги моите профили каде објавувам испробани рецепти креирани во мојата кујна и заследете ме:

Автор на рецепт и фотографии: Катерина Шамбевска Спасеновска@katerina.shambevska.

Ви препорачуваме да прочитате: Мусака со модар патлиџан и домат.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: