Ретко кој ги нема пробано, а тоа и не е така без причина! Штом се спомнат ванилици потсетуваат на вкусот од детството, на убавите спомени и моменти на дружба од нашето маало. Совршени за да ги почестите пријателите, да се засладите кога пиете кафе или чај, а овој пат предлогот е за уште поубави од обично ванилици со мармалад!

Состојки:
- 300 гр брашно
- 100 гр шеќер
- 250 путер или маргарин
- 100 гр сечкани ореви
- мармалад
- шеќер во прав за наросување.
Подготовка:
- Во сад за месење се става претходно омекнатиот путер или маргарин.
- Потоа се додаваат шеќерот, оревите и брашното. Сите состојки се мешаат убаво и добро се меси, за да се добие мазно тесто.
- Од тестото се расукува кора и се прават форми по желба.
- Ванилиците се редат во намрсен плех и се печат на 220 степени, додека не заруменат.
- Откако ќе се изладат се земаат 2 парчиња и се лепат со мармалад, а потоа се наросуваат со шеќер во прав и се спремни за дегустација.
На здравје!