Еден од најздравите начини да ни биде топло во ладниот период од годината е да јадеме храна која загрева и да пиеме корисни пијалаци. За да ни биде поудобна и потопла зимата, да си направиме пијалак за уживање, домашно варено вино со мед и џин!
Нашата пријателката Лана, ни го предлага овој вкусен рецепт, а ако сакате да дознаете повеќе кои зачини се одлични за загревање на тлото, кликнете тука.

Состојки:
- 750 милилитри вино
- 1 портокал
- 2 стапчиња цимет
- неколку каранфилчиња
- ѕвездест анис по желба (2-3 парчиња)
- 2 лажици мед
- 60 мл џин по желба.
Подготовка:
- Во длабок сад ставете го претходно измиениот и на кругови исечен портокал.
- Додајте ги стапчињата цимет, ѕвездестиот анис по желба, медот и турете го виното.
- Загрејте го, но внимавајте да не зоврие зашто ако зоврие, алкохолот ќе испари. Варете го на тивка температура околу 15-20 минути.
- На крајот додајте го џинот и сервирајте. На здравје!
Препорака плус: Каранфичето можете да го набоцкате во кората од портокалот, за подоцна полесно да можете да го извадите, а освен тоа ќе изгледа и декоративно.
Ви препорачуваме да прочитате: Варено вино со портокал, јаболко и цимет.