apple crumble 1

Веган apple crumble

Сакате да уживате во вкусен десерт, без грижа на совест? – На Youtube каналот на dm-drogerie markt Makedonija најдовме токму таков рецепт! Веганскиот apple crumble веднаш ќе ве освои со својот мирис и неодолив вкус. Секој кој ќе го проба, ќе посака уште едно парче плус!

Рецептот за apple crumble е изработен во соработка со познатиот готвач од Србија, Филип Ќириќ. Подготовката е толку лесна и едноставна, што и оние кои се помалку искусни во кујната можат да го направат без потешкотии. Пробајте и уверете се!

Состојки:

Подготовка:

  1. Во длабок сад ставете го пченичното брашно. Додајте го маргаринот. Во садот со брашното и маргаринот додајте го кокосовиот шеќер.
  2. Состојките убаво измешајте ги со раце.
  3. Во смесата додајте ги dmBio овесните снегулки. Повторно измешајте ја смесата со раце.
  4. Јаболката измијте ги излупете ги. Исечкајте ги на ситни коцки.
  5. Исечените јаболка ставете ги во подлабоко тавче или тенџере. Динстувајте ги.
  6. По неколку минути динстување, во јаболката додајте го dmBio сирупот од агаве. Додајте ги и светлиот путер од бадеми и dmBio циметот. Измешајте.
  7. Во тавчето додајте ја претходно подготвената смеса така што ќе ги прелиете јаболката.
  8. Печете во претходно загреана рерна на 180 степени, 40 минути.

Ви препорачуваме да прочитате: Полнет сладок компир.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: