Дали ви се верува дека може да ја направите оваа убава велигденска „зајко“ торта и тоа без печење? Да, баш така. Лесно ќе може да направите совршена и вкусна торта за велигденските празници! Овој пат инспирација ни беа производите од Vincinni, Сончева долина и Натура. Си набавивме убава кошничка со производи и го прифативме овој интересен предизвик. Па, за да ви ја олесниме подготовката ќе ви кажаме подетално кои производи ги користевме, а сите чекори ви ги прикажуваме преку фотографии.

Направивме вкусна чоколадна торта со брусница и суво грозје. Чекор по чекор ќе ви кажеме како ја направивме оваа убава торта, па да може да си ја направите и вие. Деталните чекори за подготовка може да ги погледнете на фотографиите во овој албум.

Состојки:
- 2 пакувања меки кори за торта од Vincinni
- 300 мл Chocola – чоколаден прелив од Vincinni по потреба
- 200 грама суво грозје од Сончева долина
- 150 грама сушена и засладена брусница од Натура.
За фил:
- 15 лажици шеќер во прав од Сончева долина
- 50 грама какао од Сончева долина
- 400 грама густин од Сончева долина
- 2 литри млеко.
За чоколаден фил со чоколаден крем:
- 200 грама какао од Сончева долина
- 200 грама шеќер во прав од Сончева долина
- 250 мл млеко
- 400 грама Chocola – чоколаден крем со лешници од Vincinni.
За декорација:
- 300 грама шлаг пена
- 400 мл млеко
- 200-300 грама кокос од Сончева долина за декорација
- црвена и зелена боја за колачи за декорација.

Подготовка:
- Во тенџере на оган, на средна температура ставете 1 ½ литар млеко да се вари. Во длабок сад ставете ги шеќерот во прав, какаото и густинот. Измешајте ги состојките со лажица. Во садот со какаото постепено додајте 500 мл млеко.
- Штом млекото во тенџерето ќе зоврие, додајте ја смесата со какаото и постојано мешајте за време од 3 до 5 минути, додека кремот се згусти. Тенџерето со крем тргнете го од шпоретот и оставете го да се излади.
- Започнете со подготовка на вториот чоколаден фил со чоколаден крем. Во друго тенџере на оган, на средна температура ставете ги какаото, шеќерот и млекото. Измешајте ги состојките, а штом шеќерот се растопи и се добро се соединат, тенџерето тргнете го од оган и оставете го филот да се излади. Во изладениот фил додајте 400 грама Chocola – чоколаден крем од лешници.
- Сувото грозје ставете го во длабок сад и налејте 200 мл млака вода. По желба во водата може да додадете малку рум.
- Двата изладени кремови ги матиме заедно со миксер.
- Го земаме првото пакување од меките кори за торта. Го сечеме согласно инструкциите прикажани на фотографијата погоре (или отворете во албумот).
- Врз подлога ставаме една кружна кора и ги додаваме исечените делови од второто пакување. Притоа треба да добиете форма на зајак. Врз корите ставаме од чоколадниот прелив и ја нанесуваме брусницата. Потоа ставаме 1/3 од чоколадниот фил.
- Го ставаме вториот слој на кори за торта. Ги премачкуваме со чоколаден прелив и го ставаме сувото грозје. Врз грозјето ставаме 1/3 од чоколадниот фил.
- Врз филот ги ставаме преостанатите кори за торта. Целата торта ја премачкуваме со чоколадниот фил.
- Шлаг пената и млекото ги ставаме во длабок сад. Ги матиме со миксер додека добиеме густ шлаг. Со шлаг пената ја премачкуваме тортата.
- На крај, ја поросуваме со кокос и декорираме по желба. Ние декорацијата ја направивме со кокос обоен со прехранбена боја и чоколаден прелив. Среќни празници!

*Комерцијален рецепт
Ви предлагаме да прочитате: Посни Велигденски зајачиња со 5 семиња.