Посни Велигденски зајачиња со 5 семиња 1

Посни Велигденски зајачиња со 5 семиња

Нашите пријатели од Натура нѐ инспирираа, па со мерак и радост ги направивме и ги споделуваме со вас! Посни, крцкави и многу вкусни Велигденски зајачиња со 5 семиња во својот состав!

Идејата потекна од едно интересно паковање на семиња, односно кутија која се добива како подарок, а на неа пак, имаше испробан рецепт за посни Натура крекери. Наша желба беше да ги направиме празнични и во форма на Велигденски зајачиња, па ви предлагаме, доколку можете и вие да го направите истото.  На фотографиите можете да го видите паковањето кое го набавивме за да ни се на располагање 5-те семиња за да ги направиме крекериве, а лесно може да ги најдете во поголемите маркети. Рецептот може да го прочитате веднаш, а ако веќе ги правите, препорачуваме да ги фотографирате и испратите во порака кај нас, па да станете потенцијален добитник на една од 10-те награди!

Повеќе за наградниот натпревар може да прочитате тука, а албумот со досегашните учесници може да го погледнете на овој линк.

Посни Велигденски зајачиња со 5 семиња 2

Состојки:

  • 100 гр интегрален сусам Натура
  • 100 гр лупен сончоглед Натура
  • 75 гр семки од тиква Натура
  • 100 гр ленено семе Натура
  • 100 гр чиа семе Натура
  • 1 чаша масло за готвење
  • 1 чаша интегрално брашно
  • 1 чаша ржано брашно
  • 1 чаша пиво или кисела вода
  • 1 лажица сол
  • 1 кесичка печиво.
Посни Велигденски зајачиња со 5 семиња 2

Подготовка:

  1. Сите состојки убаво измешајте ги во поголем сад за месење.
  2. Замесете тесто, а потоа од него, со помош на сукало исукајте кора со дебелина од 1 см.
  3. Со помош на калапи формирајте ги велигденските зајачиња, аако немате калапи направете форми по желба, на пример со чаша.
  4. Посните Велигденски зајачиња се печат околу 20-25 минути, на температура од 200 степени.

Натура е твој верен пријател, живеј здраво!

*Комерцијален рецепт.

Ви препорачуваме да прочитате: Направи посни Натура крекери, грицкај и освој една од 10-те награди!

Сподели: