Велигденска плетенка со мармалад 1

Велигденска плетенка со мармалад

Време е за прекрасни и вкусни идеи! А кога станува збор за месено и слатко, може да замислите колку е вкусно, нели?! Го обожаваме овој рецепт и секоја година го подготвуваме традиционално. Ја правиме затоа што домашните ја обожаваат, а бидејќи прва асоцијација многу често е крем, во оваа прилика сакавме да го доловиме вкусот кој потсетува на домашен козињак и направивме Велигденска плетенка со мармалад!

Празниците се време за радости на трпезата и неизмерно уживање во светот на вкусовите, па еве го рецептот.

Велигденска плетенка со мармалад 2

Состојки:

За формирање на плетенка:

  • 500 г брашно
  • ½ коцка свеж квасец
  • 80 г путер
  • 2 лажици шеќер
  • прстофат сол
  • 1 јајце
  • рендана кора од лимон или портокал
  • 250 мл млеко

За фил:

За одозгора:

Велигденска плетенка со мармалад 3

Подготовка:

  1. Започнете од квасецот. Во длабок сад за месење разматете го квасецот со половина чаша топло млеко, а потоа во смесата додајте лажичка шеќер и брашно. Измешајте за да се добие хомогена смеса и оставете го садот на топло место за квасецот да може да нарасне.
  2. Откако квасецот нараснал, додајте ги брашното, шеќерот, прстофат сол, растопениот путер, јајцето и ренданата кора од лимон или портокал. Замесете меко тесто со постепено додавање на млеко, па откако е добро измесено покријте го со најлонска фолија и оставете го да одмори околу 20 минути.
  3. Откако одморило, тестото поделете го на 4 делови и формирајте топки.
  4. Од секоја топка со помош на сукало, исучете правоаголна кора. Кората премачкајте ја со мармалад по ваш вкус. Наша препорака е да премачкате со еден од освежителните вкусови од палетата на Витаминка. Нам ни е најубаво кога го подготвуваме со јагода или портокал, а исто така одлично се вклопува и вкусот на мармаладот од кајсија.
  5. Откако ќе ја намачкале кората, наросете мелени лешници или ореви по желба, завиткајте ја во форма на ролат, а потоа со остар нож пресечете ја по должина. Од двата делови на кората сплетете плетенка, а потоа од неа направете венец. Постапката повторете ја уште 3 пати.
  6. Готовите велигденски венците наредете ги во плех обложен со хартија за печење.
  7. Оставете ги да нараснат уште 10 минути. За тоа време загрејте ја рерната на 200 степени. Печете во загреана рерна околу 20 до 30 минути или додека поруменат. На крај, по желба посипете шеќер во прав и препуштете се на уживањето во светот на вкусовите со Витаминка!

Ви препорачуваме да прочитате: Крцкави срце колачи со мармалад.

*Спонзориран рецепт.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: