велигденски јајца со путер од кикиритки 1

Велигденски чоколадни јајца со путер од кикирики

Велигденските празници ни се на прагот и време е да ги подготвиме највкусните и најслатките празнични колачиња. Споделуваме со вас еден интересен и многу лесен рецепт за велигденски чоколадни јајца со путер од кикирики. Тие се ем вкусни, ем декоративни, па топло ви препорачуваме да ги пробате и да се засладите овие празници.

Совршен спој на вкусови и сензации на чоколадо и неодолива арома на кикирики претопени во кремасти колачиња кои се топат во уста. Сигурни сме дека ќе станат дел од вашата традиција и ќе ги приготвувате повторно и повторно секоја година.

чоколадни јајца со путер од кикирики

Состојки:

За глазура:

  • 100 – 200 г чоколадо за готвење
  • 1 лажица масло.

Подготовка:

  1. Во сад на пареа растопете го чоколадото. Во растопеното чоколадо додајте 1 лажица масло.
  2. Со вака подготвената смеса премачкајте ги силиконските калапи со помош на готварска четка и ставете ги во замрзнувач за да се стегни чоколадото.
  3. Во меѓувреме подгответе ја смесата за колачињата. Во сад за матење изматете ги шеќерот, путерот од кикиритки и путерот. По потреба додавајте шеќер во прав или малку млеко доколку смесата е премногу густа.
  4. Во калапите со чоколадо додајте од вака подготвената смеса. Со помош на шпатула добро израмнете ги колачињата и повторно ставете ги во замрзнувач за да се стегнат.
  5. Откако колачињата добро ќе се стегнат внимателно извадете ги од калапите. Украсете ги со шеќерни цветови и други украси по ваша желба. На здравје!
велигденски чоколадни јајца со путер од кикирики

Од Рајска градина имаат нов производ – путер од кикиритки кој е достапен во сите маркети на Жито Велес. Со путерот од кикиритки од Рајска Градина може да ги направите највкусните велигденски чоколадни јајца. Аромата на кикиритки го прави овој десерт посебно вкусен и обожаван од сите! Путерот од кикиритки од Rajska Gradina може да го употребувате во разни десерти или едноставно само намачкан на парче леб.

Ви препорачуваме да прочитате: Едноставни солени мафини со оригано.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: