Оваа година имате можност бојадисувањето на јајцата да го сфатите како забава, а може да ги вклучите и помалите членови на семејството и да направите фантастична декорација на велигденски јајца како галаксија.
Оваа техника дава многу интересни резултати, а посебно е убава за јајца кои би се користеле исклучиво како декорација. Прво прочитајте, а потоа погледнете го видео упатството.
За да направите велигденски јајца како галаксија потребно ви е:
- Варени јајца
- Црна боја (најдобро боја за школска табла)
- Акрилни бои во разни нијанси
- Сунгерчиња
- Повеќе четкички (може за шминкање, четки за заби и сл.)
Постапка:
- За почеток мора потполно да ги обоите јајцата со црна боја и да оставите бојата целосно да се исуши пред да ги претворите во „галаксија“.
- На пластична чинија истиснете повеќе нијанси од акрилните бои, со акцент на сина, виолетова, златна и сребрена.
- Со помош на четкичка или со тапкање со помош на сунгерче, наизменично нанесувајте од боите додека добиете соодветен резултат. Важно е помеѓу сите слоеви да чекате малку време, за бојата која ја нанесувате да се исуши.
- На крај, обавезно нанесете златни светки во трагови, а потоа како завршен потег напрскајте ги јајцата со малку бела боја (исто така во трагови – многу ситни точки) и оставете да се исушат во потполност.
- Велигденските јајца како галаксија се готови и спремни да го разубават домот и празничната кошница, како и да донесат голема радост во семејството. Уживајте во нив!
Ви предлагаме да прочитате и велигденски јајца на 5 начини.