Витамин Д неопходен за силен имунитет во ладните месеци

Додатоците во исхраната се концентриран извор на хранливи компоненти со прехранбени или физиолошки својства, сами или во комбинација. Целта им е да ја надополнат исхраната со нутриенти кои човекот не ги добива доволно преку исхраната. На тој начин се зголемува отпорноста на организмот на стресни состојби и се одржува правилна функција на телото. Овие додатоци се потребни бидејќи често настанува недостаток на некој нутриент, па така не е исклучена можноста и за појава не недостаток на витамин Д.

Витаминот Д спаѓа во групата витамини растворливи во масти. Благодарение на УВ зраците од сонцето, витаминот Д може да се синтетизира во кожата. Откако ќе се синтетизира, кај човекот се претвора во витамин Д-3. Овој витамин е само еден дел во низата комплексни состојки кои придонесуваат за имунолошкиот одговор и одбрана од инфекции, особено кај постарите лица и лица со коморбидитети.

витамин Д 2

Студиите објавени во The Journal of Alimentary Pharmacology and Therapeutics покажуваат дека дури 50% од светската популација има недостаток на витамин Д во крвта, посебно во зима. Недостатокот може да се коригира со соодветна исхрана и суплементација.

Поврзаноста на недостатокот на витамин Д и развојот на болести

Научните истражувања укажуваат на поврзаноста на ниските концентрации од овој витамин и зачестената појава на инфективни болести. Особено се јавуваат инфекции на горниот респираторен тракт, ентеровироза, пневмонија, воспалено убо, хепатитис Б и Ц. Високите концентрации помагаат за одржување на имунитетот, даваат сила на мускулите и густина на коските, а ниското ниво се поврзува со развој и на кардиоваскуларни и автоимуни болести, дијабетес и хипертензија. Препораките се:

  • изложување на сонце и активности на отворено
  • правилна и балансирана исхрана
  • употреба на витаминот Д како додаток на исхраната, особено во зимскиот период.

Витаминот Д може да се сретне во вид на меки капсули или капки. Наша препорака се NOW® Vitamin D-3 (меки капсули), Liquid Vitamin D-3 и Extra Strength Liquid Vitamin D-3 (капки). Може да ги нарачате на онлајн страницата на Тримекс со бесплатна достава, како и да ги набавите низ аптеките во ширум земјата.

NOW® Vitamin D-3 го обезбедува овој клучен витамин во високо апсорблива течна форма на маслен раствор. Витаминот Д нормално се добива од исхраната или се произведува од кожата од ултравиолетовата енергија на сонцето. Количината присутна во храната не секогаш може да ги задоволи дневните потреби за овој витамин. Бидејќи многу луѓе избегнуваат изложување на сонце, суплементацијата станува неопходна за да може организмот да ја добива соодветната количина.

Полесности од земањето на NOW® Vitamin D-3:

  • поздрава кожа и коса
  • посилни коски
  • подобра состојба на забите
  • подобро расположение
  • зголемена енергија и концентрација
  • посилен имун систем.

NOW® Vitamin D-3 се препорачува на при:

  • престој во затворени простории
  • бременост
  • лица со потемна кожа
  • зголемена телесна тежина
  • консумирање на лекови
  • повозрасни лица.

За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на нивниот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk

Препорачан дневен внес

За оптимална заштита, препорачаната концентрација на витаминот Д во крвта би требало да изнесува 5 nmol/L – 125 nmol/L. На лицата кај кои постои зголемен ризик од недостаток на витамин Д им се препорачуваат превентивни дози од 1500 до 2000 ИЕ (интернационални единици). Кај докажаниот недостаток, лекарите и нутриционистите препорачуваат почетни високи дози, кои постепено би се намалувале до 1500 – 2000 ИЕ.

Во Европа, кај 10 -30% од доенчињата е забележан недостаток на витамин Д кој не може да се надокнади по придоден пат, па е потребно да им се дава како додаток. Препораките на Европското педијатриско друштво се давање на 400 IU на деца од раѓање до првата година од животот, а од првата до втората година дози од 800 IU.

Користена литература:

  1. Vranešić Bender D, Giljević Z, Kušec V, Laktašić Žerjavić N, Bošnjak Pašić M, Vrdoljak E, et al. Smjernice za prevenciju, prepoznavanje i liječenje nedostatka vitamina D u odraslih. Liječ Vjesn 2016;138:121-132.
  2. Vitamin D and Health: Scientific Advisory Committee on Nutrition. 2016.
  3. L.Pollak et al, Toksikologija hrane, поглавје 13, Toksiologija dodataka prehrani i dijetetskih proizvoda / Sutlović, Davorka (ur.).Redak, 2011.

Ви препорачуваме да прочитате: Кои се придобивките од витамин Д-3 капките?

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: