Во сезоната на изобилство од тикви, не треба да пропуштиме да пробаме вака нешто вкусно! Ако сакате да направите промена во секојдневието, ова е вистинската можност. Подгответе си вкусно домашно фрапе од тиква!
За рецептот и за тоа што ја збогатува нашата страница со креативни идеи, се заблагодаруваме на нашата пријателка Лана, од блогот Kuhinjica Mignone.

Состојки:
- 1/2 чаша пире од тиква
- 200 мл млеко
- малку сварено црно кафе
- шеќер по вкус
- слатка павлака за декорација
- цимет по потреба.
Подготовка:
- Во блендер ставете го пирето од тиква и додајте го топлото или ладно млеко, зависно од тоа како обожавате да ги пиете напитоците.
- Додајте шеќер по вкус и прстофат цимет, а потоа се убаво изблендирајте.
- Смесата турете ја во висока чаша и дополнете со црно кафе во количина по желба. Во овој чекор не треба да мешате, туку само да го турите кафето.
- На крај, декорирајте со слатка павлака и послужете го одделно или во придружба на омилените колачи. На здравје!
Ви препорачуваме да прочитате: Домашен и природен густи сок од тиква.