Имате во план да приготвите месо?! Дали месото претходно го маринирате? – Ако вашиот одговор е „Не“, издвојте две до три минути и продолжете со читањето до крај. Ќе ве запознаеме зошто маринадата е значајна и ја применуваат врвните готвачи. Преку овој водич за маринирање на свинско месо, ви откриваме неколку корисни и важни кулинарски тајни за успешно маринирање спрема избраното парче месо. Уживањето во оброците ќе ви се зголеми и тоа како!
Постојат две главни причини зошто месото треба да се маринира: го омекнува и го подобрува вкусот. Маринадата се употребувала уште во древен Египет, а подоцна и Грците и Римјаните почнале да маринираат месо и зеленчук. А, тоа било така затоа што уште од тогаш утврдиле дека прави нешто убаво за месото.
Ќе приготвувате бут или ребра? – Еве кои делови имаат потврдо, а кои помеко месо
Дали до сега сте слушнале дека различните делови од месото се групираат во две категории во зависност од нивната мекост? – Тоа е важно да го знаете при подготовката на маринада. Потврдите делови од свинското месо треба да се маринираат во посилни маринади и подолго време за да може маринадата да навлезе во сврзното тикво. Тоа помага месото да омекне и потоа полесно да се џвака. Во оваа група припаѓаат: свински бут, плешка, коленица и нозе. Коленицата и нозете најдобро е да се користат за подготовка на супи и чорби затоа што го збогатуваат вкусот, а тоа се должи на присуството на коска во самите парчиња месо. Исто така, долготрајното варење помага за раскинување на мускулните влакна и тетиви, па повеќето професионални готвачи ги користат исклучиво за супи и чорби.
Делови со помеко месо се: ребрата, свинското каре и пределот околу слабината и стомакот. Со нивното маринирање се подобрува вкусот на месото.
Имате 1 кг месо? Знаете ли колку маринада треба да направите?
Интересно прашање за кое не веруваме дека го знаете одговорот, а не би го знаеле и ние ако добро не истражевме на темава. Можеби сакате да приготвите одреден рецепт, а да ја намалите или зголемите количината на месо, па тука настанува недоумицата. За да маринирате 1 кг свинско месо потребна ви е ½ чаша маринада. Ова е генерално правило, но сепак количината на маринада зависи и од садот кој што ќе го користите за маринирање на месото. На пример, ако маринрате 500 г ребра, кременадли или помали парчиња, можете да искористите ¼ чаша маринада и месото да го маринирате во најлонски зип ќеси. Ако имате поголеми парчиња на месо, сакате да испечете цела плешка или бут, тогаш зголемете ја количината на маринадата и месото ставете го во поголема најлонска ќеса или сад.
Кои садови или начин на складирање дава најдобро маринирано месо?
Најдобро е месото да се маринира во најлонски ќеси, пластични или стаклени садови. Ако користите најлонски зип ќеси потрудете се да го отстраните воздухот колку што е можно повеќе. Тоа помага за маринадата повеќе да навлезе во месото.
Не се препорачува да се користат метални садови за маринирање на месото, затоа што киселите маринади може да стапат во реакција со металот и да го променат вкусот на месото.
Водич за времетраење на маринирање во зависност од делот на месото
Еве нешто корисно за сите нас. Имајте го во план овој водич штом приготвувате месо во маринада. Времетраењето на маринирањето најмногу зависи од мекоста и големината на парчето месо, а еве што се препорачува:
- Цела плешка – 16 до 24 часа
- Плешка и бут над 8 кг – 10 до 12 часа
- Плешка и бут под 8 кг – 6 до 8 часа
- Каре (големо парче) – 4 до 6 часа
- Каре (мало парче) – 2 до 4 часа
- Ребра – 2 до 4 часа
- Кременадли – 2 до 4 часа
- Месо од стомачниот дел – 1 до 4 часа.
Совети плус:
- Кога набавувате месо, секогаш избирајте од проверен производител. Доколку месото е со слаб квалитет (лош мирис и боја), ниту една маринада нема да помогне и да го подобри вкусот. Од нашето позитивно искуство со квалитетно свежо свинско месо може да ги препорачаме Агриа. Посетете ги нивните месарници во Битола, Штип и Велес и уверете се во квалитетот на месото. Свежото свинско месо од Агриа може да го најдете во Тинекс и Рамстор маркетите. Агриа е македонска компанија која има свои фарми, кланица и фабрика за производство на сточна храна, а свежото месо се доставува секој ден до нивните месарници.
- За време на маринирањето месото треба повремено да се превртува. Идеално е на секои 30 минути, но доколку маринирањето трае подолго време, може да се превртува и на неколку часа.
Дали ви се допадна овој водич? – Пишете ни коментар и приклучете се во групата Сѐ за храна каде може да нѐ следите и да го споделите вашето искуство.
Ви препорачуваме да прочитате: Што е маринада и како се користи за маринирање на свинско месо?
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран текст.