Предновогодишно чистење на кујната

Водич за предновогодишно чистење на кујната

Новогодишните и божиќните празници доаѓаат. Планираш да направиш забава и да поминеш убави моменти со најблиските и пријателите? – Ако одговори со ДА, време е да започнеш со подготовки за предновогодишно чистење. Припремивме водич кој ќе ти помогне лесно да ја исчистиш кујната. 

Кујната е најзначаниот дел од домот кога се приготвуваме за новогодишните и божиќните празници. Затоа важна е добрата организација и чистењето. 

предновогодишно чистење на кујната

Започни од рерната

Ќе печеш месо, мисирка или пак пиле за Божиќ? Или пак планираш да направиш кифлички? – Рерната мора да биде добро исчистена за да добиеш вкусна храна богата со нејзините ароми, без да има мирис на чад.

  • Најпрво набави специјално средство за чистење на рерна, ракавици, сунѓерчиња, влажни и микрофибер крпи од FINO
  • Постави ги ракавиците и следи ги инструкциите на средството за чистење. На крај пребриши ја рерната со микрофибер крпа.  

Погледни ги 3-те совети за чистење на рерната со сода бикарбона.

Штом рерната е чиста, време е да го исчистиш фрижидерот. 

предновогодишно чистење на кујната со производ

Чист фрижидер за време на празниците

Ова е период од годината кога најмногу се купува храна и се чува во фрижидерот. Затоа, време е за чистење. Така ќе направиш дополнителен простор за целата храна која планираш да ја спремиш за празниците. 

Што ти е потребно:

  • Ракавици за чистење
  • Tytan Flex ќеси за отпадоци
  • Детергент за миење на садови
  • Silver Block сунѓер и влажни крпи од FINO
  • Кујнска хартија.

Следи ги чекорите:

  1. Извади ги сите намирници, полици и решетки. 
  2. Полиците и решетките потопи ги во топла вода. Додај детергент за садови. 
  3. Стави ги ракавиците, натопи го сунѓерот со топла вода и додај детергент за садови. Пребриши го фрижидерот. 
  4. Со помош на влажна крпа, пребриши повторно. На крај, пребриши со кујнска хартија. 
  5. Измиј ги полиците и решетките и остави ги да се исушат. Потоа врати ги во фрижидерот.
  6. Прегледај ги намирниците, а на тие на кои им поминал рокот или се отворени подолго време, фрли ги. 
  7. Врати ги намирниците во фрижидерот.

На видеото погледи како за 15 минути може да имаш чист фрижидер.

Кујната е чиста, премини на набавка на намирници и подготовка на најубавите празнични јадења. 

Среќни празници! 

*Текстот е овозможен од FINO Makedonija 

Сподели: