Готвиме со Катерина Ш. Спасеновска: 2 вкусни рецепти со смокви

Готвиме со Катерина Ш. Спасеновска: 2 вкусни рецепти со смокви

Започна сезоната на смоквите, рајското овошје кое дава сила, го одржува здравјето и ги намалува брчките. Без разлика дали ги јадете свежи или сушени, смоквите се подеднакво лековити и корисни за нашето тело. Има многу вкусни рецепти со смокви, а ние ви предлагаме да пробате 2 од архивата на Катерина од нашиот тим. Мармалад или слатко, изборот е ваш!

Може да ве интересира: Смокви – супер храна во секој облик.

2 вкусни рецепти со смокви

Домашно слатко од смокви

Домашното слатко од смокви е еден од највкусните десерти кои се подготвуваат од овошје. Ценети и обожавани од многумина, нетрпеливо очекувани од деца и возрасни, такви се тие, безгранично задоволство кое со години на назад е третирано и добило епитет за кралско слатко.

Состојки:

  • 1 кг смокви
  • 1 лимон.

За шербет:

  • 3 кг шеќер
  • 750 мл вода.

Подготовката на слаткото од смокви прочитајте ја тука.

2 вкусни рецепти со смокви

Домашен мармалад од смокви

Овој марамалад се припрема брзо и е фантастичен. На многу лесен начин и за кратко време ќе добиете вкусен домашен мармалад кој е одличен за мачкање, а супер се вклопува и во разни штрудли, торти и колачи.

Состојки:

  • 700 гр смокви
  • 2/3 чаша шеќер
  • кора и сок од 1 лимон
  • 1 ½ лажица вода
  • прстофат сол
  • eкстракт од ванила.

Подготовката на мармаладот од смокви прочитајте ја тука.

Препорака од авторот:

Ако ви се допаднаа рецептите, разгледајте ги моите профили каде објавувам испробани рецепти креирани во мојата кујна и заследете ме:

Автор на рецептите: Катерина Шамбевска Спасеновска@katerina.shambevska.

Ви препорачуваме да прочитате: Ружички со џем од смокви и цимет.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: