Пролетта не радува со многу убавини! Таа ни ги донесе свежите овошја кои што со нетрпение ги очекувавме веќе неколку месеци. А сезоната на јагодите е многу кратка и токму сега е вистинското време да ги искористите максимално. Денес ви издвојуваме 3 вкусни десерти со јагоди кои ги направи Марија од нашиот тим. Освежителни и идеални за топлите денови!
Може да ве интересира: Чоколадна торта со јагоди и слатка павлака.

Овошен ладен десерт во чаша со цреши, јагоди и вишни
Овој сладолед може да го направите со овошје по избор, со што ќе добиете нов летен вкус! Време е да започнеме и да ви кажеме што ни беше потребно и како го направивме овој сладок десерт. Од наведените состојки ќе добиете 4 порции.
Состојки:
- 200 грама наполитанки
- 2 лажици чоколаден крем
- 500 мл сладолед од ванила
- 1 чаша микс од овошја (цреши, јагоди и вишни)
- ½ чаша вода
- 1 лажица кафеав шеќер
- 1 ќесичка ванилин шеќер
- ½ лажица густин
- слатка павлака или шлаг пена за декорација
- свежи цреши, јагоди или рибизли по избор за декорација.
Подготовката на сладоледот прочитајте ја тука.

Сладолед торта – чоколаден мус со јагоди
Идеален летен сладок хит! Ова е највкусната сладолед торта која треба да ја пробате ова лето! Фантастично изгледа, а вкусот со три чоколада и јагоди ќе ве освои на прв залак. Мус и сладолед во совршена комбинација за љубителите на убави десерти.
Состојки:
За брауни колач:
- 200 г чоколадо за готвење
- 200 г путер
- 60 г какао
- 65 г брашно
- 1 лажичка прашок за пециво
- 180 г шеќер
- 4 јајца
- прстофат сол.
За чоколаден фил:
- 300 мл слатка павлака
- 200 г млечно чоколадо.
За фил со јагоди:
- 300 г јагоди
- 60 г шеќер
- 200 мл слатка павлака
- 1 ќесичка желатин.
За фил со бело чоколадо:
- 300 мл слатка павлака
- 200 г бело чоколадо.
Подготовката на тортата прочитајте ја тука.

Кремаста панакота со јагоди
Кремаста, сочна, со богата арома на ванила и јагода која ќе го освои сечиј вкус. Ако досега сте се запрашувале кој е идеалниот рецепт за супер вкусна панакота, сега веќе го имате одговорот. Пробајте ја нашата панакота со јагоди, во која додадовме павлака за уште подобар и покремаст вкус. Состојките кои ви се потребни се едноставни и најверојатно ги имате во кујната. А подготовката ќе ви одземе само 20-тина минути.
Состојки:
- 1 чаша свежо млеко
- 10 г желатин во прав
- 2 чаши слатка павлака
- ⅓ чаша шеќер
- 1 ќесичка ванилин шеќер
- 1 чаша павлака со 20% мм.
За овошен прелив:
- 1 ½ чаша јагоди
- 3 лажици шеќер
- 1 лажица свежо цеден сок од лимон.
За декорација:
- 20 г шлаг пена
- 60 мл ладно свежо млеко
- 4-6 свежи јагоди.
*Големината на чашата е 240 мл.
Подготовката на панакотата прочитајте ја тука.
Препорака од авторот:
Ако си во потрага и по други рецепти и идеи, посети ги моите профили на социјалните мрежи и заследиме на:
- Instagram – @kocovska.marija
- Facebook – Marija Kocovska
- Youtube – Marija Kocovska
- Tik Tok – @marija.kochovska.
Автор на рецепт и фотографии: Марија Кочовска, @kocovska.marija.
Ви препорачуваме да прочитате: Чизкејк со бело чоколадо и јагоди.