Чизкејк со бело чоколадо и јагоди 1

Чизкејк со бело чоколадо и јагоди

Не можете ни да претпоставите колку е едноставно да се подготви овој чизкејк со бело чоколадо и јагоди! Обожаваме такви рецепти, вкусни и лесни за правење!

Ако пак обожавате јагоди, ви предлагаме да прочитате повеќе рецепти за десерти со јагоди на следниот линк.

Чизкејк со бело чоколадо и јагоди 2

Состојки:

  • 240 гр крем сирење
  • 200 гр бело чоколадо
  • 1 шолја млеко
  • 120 мл слатка павлака
  • 2 шолји свежи јагоди – сечкани.

За основа:

  • 100 гр мелени бисквити
  • 30 гр путер.

Подготовка:

  1. Прво припремете ја основата. Растопете го путерот на тивка температура и со него прелијте ги мелените бисквити. Убаво измешајте ја смесата.
  2. Во поголем сад за матење ставете го прво крем сирењето и со помош на миксер изматете го.
  3. Постепено додавајте од млекото и матете додека смесата стане мазна.
  4. Слатката павлака изматете ја во одделен сад, белото чоколадо изрендајте го, а потоа спојте ги сите состојки во еден сад. Измешајте со лажица.
  5. Основата ставете ја во сад за сервирање, па додајте од претходно припремениот крем.
  6. На крај, додајте ги јагодите и оставете да стои во фрижидер. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Освежително смуди од јагоди.

Сподели: