Има многу причини да ги пробате нашите испробани рецепти за овошни десерти со јагоди! Не само што се едно од омилените овошја поради својот вкус и изглед, јагодите исто така се исклучително здрави.
Нахранете го телото со антиоксиданси, јадете јагоди и помогнете му на својот организам во борбата против стареењето, против воспаленија и многу повеќе! За сите нивни корисни својства можете да прочитате тука.
Брз овошен колач со јагоди
Изгледа убаво и примамливо, совршен за вкусно дружење и слатки паузи. Кога ќе го пробате овошниов колач со јагоди верувајте дека ќе посакате уште едно парче. Ете толку е вкусен. Од само неколку состојки ќе креирате вкусна фантазија која се јаде. Уживајте и сладете се. Рецептот може да го најдете ако кликнете тука.
Едноставен ролат со јагоди
Лесно, пролетно, брзо и многу вкусно! Јагодите се симбол на пролетта и се омилено овошје на многумина, а десертите приготвени со нив се освежителни и сите ги сакаат. Рецептот за овој прекрасен и многу вкусен освежителен ролат можете да го прочитате тука.
Мафини со јагоди
Вистинко уживање за очи и за вкус кое можеме да го вкусиме благодарение на Лидија! Нејзиниот талент можеме да го видиме во разни слатки и солени специјалитети, а сега можеме да го пробаме рецептот за убавите овошни мафини со јагоди. Кликнете тука за да го прочитате.

Мафини со чоколадо и јагоди
Совршен спој на овошни и чоколадни ноти! За сите нас, Невена припреми мафини со чоколадо и јагоди. Освен што одлично изгледаат, многу се сочни и лесно може да ги направи секој. Мафините се типични американски десерти, кои се многу популарни и кај нас, а се обично се јадат за десерт, за ужина или совршено се вклопуваат со омиленото кафе. Кликнете тука за да го прочитате нашиот испробан рецепт за мафини со јагоди и чоколадо.
Еклери со јагоди и ванила крем
Доволно е само да ја погледнете фотографијата за да претпоставите колку само се вкусни овие еклери со јагоди и збогатени со фил од ванила, просто идеални. Рецепт кој мора да се проба, а ќе го најдете тука!
Милкшејк од јагоди
Во периодот кога јагодите ги имаме во изобилство нема потреба да купувате сокови. Направете освежителен милкшејк од јагоди, во кој сигурно ќе уживате и ќе се освежите во топлите денови кои претстојат. Рецептот за превкусен домашен милјшејк прочитајте го овде.
Ви предлагаме да прочитате: 6 најдобри рецепти за баклава.