Со цел да изберете рецепт кој најмногу одговара на вашите желби и да ги задоволите вкусовите на сите свои блиски од семејството, како и на вашите пријатели, Сé за храна припреми специјално празнично издание со повеќе издвоени рецепти за баклава на едно место.
Балкавата е ориентален десерт, кој е многу популарен во македонската, турската, српската, бугарската, босанската и црногорската кујна. Многу често за секоја празнична трпеза, домаќинките традиционално приготвуваат баклава, како еден од омилените десерти на целото семејство.
Изберете го рецептот кој ви се допаѓа и збогатете ја празничната трпеза со вкусна баклава.

Баклава со ореви и цимет
На прв поглед делува слична со другите баклави, но има фантастичен вкус со своја уникатност. Оваа баклава со ореви и цимет вреди да се проба! Рецептот за оваа баклава прочитајте го тука.
Ролана посна баклава со ореви и чоколадо
Во нашата кујна креиравме слатко традиционално задоволство и ја нарековме ролана посна баклава со ореви и чоколадо. Идеална е за млади домаќинки и за сите кои немаат големо кулинарско искуство, па топло ви препорачуваме да ја пробате. Рецептот за роланата посна баклава со ореви и чоколадо прочитајте го тука.
Баклава со ф`стаци
Баклавата е еден од омилените десерти на нашите простори и ја има во разни варијанти за приготвување, а овој рецепт за баклава со ф`стаци е нашата испробана добитна комбинација за сензационално задоволство.
Баклава со лешници
Ако го обожавате мирисот и вкусот на лешниците во различните десерти, оваа баклава е вистинскиот избор за вас. Лесно се прави, а полесно се јаде. Рецептот за баклавата со лешници прочитајте го тука.
Баклава со мак и ореви
Постојат разни рецепти, но баклавата со мак и ореви е одличен избор за сочен десерт со уникатен вкус! Изборот на состојките овозможува бескрајно уживање во ароматичните сензации на орев и ситните зрнца афион, кој фантастично го надополнува вкусот на оваа баклава со мак! Рецептот прочитајте го тука.
Сучена баклава со ореви
Сигурно и вие ќе се согласите дека баклавата направена со домашно месени кори е највкусна. Токму затоа ви го претставуваме рецептот за сучена баклава со фил од ореви.
Ви предлагаме да прочитате: 5 избрани рецепти за велигденски козињак.