Пробајте го овој едноставен и брз овошен колач со јагоди кој одлично оди со чајче или кафе. Изгледа убаво и примамливо, совршен за вкусно дружење и слатки паузи!
Кога ќе го пробате овошниов колач со јагоди верувајте дека ќе посакате уште едно парче. Ете толку е вкусен. Од само неколку состојки ќе креирате вкусна фантазија која се јаде. Уживајте и сладете се.

Состојки:
- 3 јајца
- 100 гр шеќер
- 120 гр брашно
- 60 гр густин
- 70 мл масло
- 1/2 ќесичка прашок за печиво
- 1 ќесичка ванилин шеќер
- 100 гр јагоди.
Подготовка:
- Во сад за матење ставете ги јајцата и изматете ги пенесто, а со нив матете ги и шеќерот и ванилата.
- Со постојано матење додајте го маслото.
- Измешајте ги брашното, густинот и прашокот за печиво и постепено додајте ги во изматената смеса.
- Смесата убаво измешајте ја со помош на кујнска жица.
- Истурете ја смесата во тркалезен калап, а потоа одозгора наредете ги јагодите исечени на четвртинки.
- Колачот печете го на 180 степени за време од околу 30 минути.
- Испечениот колач оставете да се излади, а потоа посипете го со шеќер во прав. На здравје!
Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.
Може да ве интересира рецепт за мафини со јагоди или мафини со чоколадо и јагоди.