чоколадна торта со јагоди

Чоколадна торта со јагоди и слатка павлака

Барате лесен, едноставен рецепт за вкусна чоколадна торта со јагоди? Вие сте на вистинското место. Ова е навистина лесна торта, погодна за сезоната кога има свежи јагоди. Се прави едноставно со неколку состојки кои сигурно ги имате во кујната.

Уникатната комбинација на чоколадо, јагоди и шлаг сигурно ќе го освои сечиј вкус. Пробајте ја и пишете ни како ви се допаднала.

чоколадна торта со јагоди

Состојки:

  • 250 грама путер
  • 4 лажици какао
  • 1 чаша врела вода
  • 2 чаши брашно
  • 2 чаши шеќер
  • ¼ мала лажица сол
  • ½ чаша млеко
  • 2 јајца
  • 1 мала лажичка сода бикарбона
  • 1 мала лажичка ванила
  • 6 лажици чоколаден крем со лешници (еурокрем) или мармалад од јагоди по желба.

За јагодите:

  • 4 чаши јагоди
  • ¼ чаша шеќер
  • 1 мала лажичка екстракт од ванила.

За крем:

  • 500 мл слатка павлака
  • ½ шеќер во прав по желба.

Подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 175 степени. Обложете 2 или 3 кружни мали тави со хартија за печење.
  2. Во тенџере на оган ставете го путерот. Мешајте додека се растопи. Потоа, додајте го какаото и мешајте додека се добие хомогена смеса. Во тенџерето турете ја врелата вода, оставете да се формираат меурчиња околу 20 секунди. Потоа, тенџерето тргнете го од огнот.
  3. Во мерен сад или чинија ставете го млекото, содата бикарбона, јајцата и ванилата. Измешајте ги.
  4. Во  голем сад за матење, со дрвена лажица измешајте ги шеќерот, брашното и солта. Додајте ја топлата чоколадна смеса и измешајте. Потоа додајте ја смесата со млекото и јајцата и мешајте додека се добие хомогена смеса.
  5. Смесата ставете ја во обложените тави и печете за време од 17 до 20 минути. Печениот пандишпан извадете го од тавите и оставете го да се излади.
  6. Во меѓувреме подгответе ги јагодите. Исечкајте ги и ставете ги во сад. Додајте го шеќерот и ванилата. Оставете ги за време од 15 минути, а потоа исцедете ја течноста што ја пуштиле.
  7. Слатката павлака и шеќерот во прав ставете ги во сад за матење. Изматете со миксер додека се добие густ крем.
  8. Врз чинија за торта ставете го првиот пандишпан, така што долната страна која се печеше, треба да биде горе. Премачкајте ја со чоколаден крем, ставете половина (доколку направивте 2 пандишпани) или третина (доколку направивте 3 пандишпани) од слатката павлака. Израмнете со нож и додајте ги сечканите јагоди. Потоа ставете го вториот пандишпан. Постапката со чоколадниот крем, слатката павлака и јагодите повторете ја додека се потрошат пандишпаните.
  9. Оставете ја тортата да се излади. Потоа, изладената чоколадна торта со јагоди исечете ја парчиња и послужете. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Овошна торта со јагоди.

Сподели: