Сигурно не сте слушнале досега за овие феноменални начини, како да ја искористите течноста која ви останала при готвењето тестенини или ориз. Водата во која се варел оризот или тестенините има одредени лековити, односно кулинарски својства и може да послужи за подобрување на вкусот на јадењата.
Водата во која се вареле тестенини е тајната за кремаст сос
Сигурно многу пати додека сте биле во ресторан јадејќи тестенини, сте се запрашале која е тајната на кремастиот и сочен прелив, а дома никогаш не можете да го постигнете тоа. Како и најголем дел од домаќинките сигурно и вие ја фрлате водата во која се вареле тестенините, а баш таа е тајната состојка! Професионалните готвачи знаат дека малку густа солена вода со бела нијанса која се добила од варењето на тестенините, може значително да го подобри вкусот на сосот. Таа течност содржи скроб, поради што преливот станува погуст и кремаст, а потребно е да се нагласи дека оваа течност се додава на крајот од готвењето на сосот и притоа мора да се внимава со посолувањето на истиот, бидејќи водата во која се вареле тестенините веќе е малку солена.

Лековити својства на оризова вода
Водата во која се варел оризот има бројни лековити и корисни својства за организмот, меѓу кои може да се издвојат зголемена телесна енергија поради тоа што е богата со јаглени хидрати, помага во лечење на гастроентеритис, штити од рак и го регулира крвниот притисок.
Исто така, оризовата вода одлична е за нега на телото, придонесува за мека и мазна кожа, за подготовка на лековита купка, а може да се користи како замена за тоник и намалување на големината на порите на лицето. Ако пак ја миете косата со оризова вода, таа ќе стане значително посјајна и поздрава.
Како се припрема оризова вода?
Оставете го оризот да зоврие во водата, а при тоа ставете поголема количина на вода од обично. Водата припремена на овој начин може да се пие топла или да се остави да се излади и да се користи за нега на лицето и телото.