Дали дебелее и колку влијае белиот леб врз слабеењето 1

Дали дебелее и колку влијае белиот леб врз слабеењето?

Доколку внимавате на својата телесна тежина и сакате да се ослободите од вишокот на килограми, оваа тема сигурно ќе ве интересира. Скоро сите на нашите простори го обожаваме мирисот на белиот леб, посебно оној „селки“ или домашно подготвениот леб, неодолив е. Но, одговорот е да, белиот леб дебелее и ако сакате да ослабнете треба да престанете да го консумирате или барем да го ограничите внесот само за време на појадокот.

Што велат истражувањата за белиот леб?

Според едно поново истражување, лицата кои јадат бел леб имаат многу поголем ризик од дебелеење, споредено со лицата кои консумираат исклучиво интегрален леб, односно леб кој е направен од житарици од цело зрно. Ова истражување било реализирано во Шпанија, а во истото учествувале околу 9200 лица. За времетраењето на експериментот, научниците го следеле здравјето на испитаниците, нивната телесна тежина, како и навиките на исхрана во период од 5 години.

Од резултатите било утврдено дека лицата кои постојано консумирале бел леб, имаат за 40% поголем ризик од дебелеење, во споредба со лицата кои бел леб консумирале ретко или најмногу еднаш неделно.

Дали интегралниот леб го зголемува ризикот од дебелеење 2

Дали интегралниот леб го зголемува ризикот од дебелеење?

Исто така, истражувачите не забележале никаква поврзаност помеѓу консумирањето на црн леб, односно интегрален леб, направен од цели зрна и дебелењето. Тоа веројатно се должи на разликата во составот на белиот и црниот леб, затоа што интегралниот леб содржи значително повеќе растителни влакна, здрави калории и помалку, како и различни јагленихидрати кои не го попречуваат нормалното метаболизирање на храната.

Ви препорачуваме да прочитате: Како да избегнете дебелеење за време на празниците?

Сподели: