Декоративен ориз со фиде 1

Декоративен ориз со фиде

Ваков декоративeн ориз е добредојден за радост во сечија чинија. Веруваме дека никој не би можел да остане рамнодушен. Љубители сме на оваа намирница и сакаме да ја јадеме во разни варијанти, па, зошто не би пробале симпатичен и вкусен ориз со фиде!?

А, кога ги опишуваме рецептите на Весна, со задоволство го задржуваме нејзиниот стил. па, еве што вели таа: „Декоративен ориз, повторно, поточно ориз со фиде. Преубаво за свечено сервирање за празник. Овој начин на подготовка на оризот, кај нас се нарекува пилав, поточно пиљаф и е солен. Вкусно е многу, а на овој начин преубаво и за око. Го сакам многу пилавот уште од мала. Основниот рецепт е едноставен, варениот ориз треба да се полие со врело масло. Мојот рецепт малку се разликува, поздраво е така, а и оризот не се слепува.“

Декоративен ориз со фиде 2

Уживајте во рецептот и во јадењето пријатели. На здравје!

Состојки:

  • ориз по потреба
  • 1 филџан фиде
  • малку магданос
  • сол по потреба
  • сув зачин по потреба
  • масло по потреба.

Подготовка:

  1. Оризот се мие низ неколку води, а потоа се става во врела вода со малку масло, сол и сушен зачин да се свари.
  2. Во друга поголема тава, се пржи фиде до златна боја, но не смее да изгори.
  3. Оризот се цеди од водата и се става во тавата со фиде, се свртува еднаш, двапати и веќе е готов за сервирање.
  4. Начинот за правење на овие декоративни Ивини момички е следниот. Ви треба цилиндарче кое се поставува на чинијата за сервирање и се полни на редови, ред ориз, ред магдонос, како сакате, што и да ставате ќе биде декоративно и интересно!
  5. Потоа со едната рака се притиска содржината, а со другата цилиндрарот се крева нагоре. Во чинијата останува оваа убавина.

Рецептот го испратил: Весна Рор, vesnarohrrecepti.com.

Ви препорачуваме да прочитате: Италијански рецепт за рижото со печурки и бело вино.

Сподели: