рецепт за рижото со печурки и бело вино

Италијански рецепт за рижото со печурки и бело вино

Пробајте го овој фантастичен рецепт од италијанската кујна! Направете автентичо рижото со печурки и пармезан.

Подготовката ќе ви одземе 30-тина минути, но бидете сигруни дека крајниот резултат ќе ве изненади и нема да зажалите. Вака приготвеното рижото може да го послужите со печено месо на скара, а убаво се вклопува и со пилешко месо.

рижото со печурки

Состојки:

  • 6 чаши пилешки бујон
  • 3 лажици маслиново масло
  • 500 до 900 грама сечкани печурки
  • 2 млади кромитчиња, ситно сечкани
  • 1 ½ чаша ориз
  • ½ чаша суво бело вино
  • сол по вкус
  • мелен црн пипер
  • 3 лажици сечкан власец
  • 4 лажици путер
  • 1/3 чаша рендан пармезан.

Подготовка:

  1. Во тенџере на оган, на ниска температура ставете го пилешкиот бујон.
  2. Во тава на оган, на средно висока температура ставете 2 лажици маслиново масло. Додајте ги сечканите печурки и пржете ги додека омекнат, за време од 3 минути. Потоа извадете ги печурките и нивата течност.
  3. Во тенџере на оган ставете 1 лажица маслиново масло и додајте го сечканиот кромид. Пржете го за време од 1 минута. Додајте го оризот и промешајте. Пропржете го оризот за време од 2 минути. Кога оризот ќе добие кристална, златеста боја, додајте го виното и постојано мешајте додека виното целосно се апсорбира.
  4. Во тавата додајте ½ чаша од пилешкиот бујон и мешајте додека течноста се апсорбира. Потоа, продолжете постепено да додавате по ½ чаша пилешки бујон. Постојано мешајте, додека течноста се апсорбира и оризот е приготвен ал денте, за време од 15 до 20 минути.
  5. Тавата тргнете ја од огнот. Додајте ги печурките и нивната течност, путерот, власецот и пармезанот. Зачинете со сол и црн пипер по вкус.
  6. Топлото рижото со печурки сервирајте го веднаш. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Едноставен рецепт за рижото „Кантонезе“.

Сподели: