Ако мислите дека во текот на празниците сте претерале со храна и пијалаци сигурно ќе ви биде неопходна детоксикација, а ние ви откриваме како може да ја направите на наједноставен начин.
Многумина сметаат дека чистењето на организмот од токсините е процес на изгладнување, но ве уверуваме дека тоа не е така. Тоа е шанса да јадете здрава, непреработена храна, да уживате во природните намирници и на тој начин да го вратите телото во рамнотежа.
Детоксикацијата е многу здрав начин да го опоравите телото од тешката, мрсна и преслатка храна во која сте уживале за време на празниците и да се посветите на здравите, органски намирници кои ќе ви овозможат многу хранливи материи. Во текот на неделата доволно е еден или два дена да консумирате свежо овошје и зеленчук, да ги избегнувате јаглените хидрати, мастите, шеќерот, преработената храна и денот да го започнете со чаша млака вода во која ќе исцедите еден лимон со малку мед.
Знаци кои покажуваат дека ви е неопходна детоксикација:
- Имате голема желба за консумација на храна богата со шеќер, сол, скроб и производи од бело брашно.
- Имате главоболки, болки во стомакот, чувствувате подуеност и имате гасови. Можно е имате проблем со дијареја или запек.
- Често го менувате расположението, депресивни сте и нервозни, концентрацијата ви е лоша, а се чувствувате уморни и без енергија.
- Кожата и косата ви се суви, а на лицето ви се појавиле акни.
- Имунитетот ви е ослабен.
- Тешко намалувате, а лесно добивате килограми.

Како да направите детоксикација на телото
Потрудете се во наредниот период да направите детоксикација кои ќе трае најмалку три дена. Применете ги следните правила и исклучете ги овие намирници од вашата исхрана:
- бело брашно, бел шеќер, бел ориз и производи направени од овие намирници.
- кујнска сол
- транс масти и преработено масло од пченка и соја
- месо кое нема органско потекло
- зеленчук и овошје кои се третирани со хербициди и пестициди
- адитиви и конзерванси
- брза и храна која е приготвена со пржење
- сокови кои содржат додаден шеќер
- цигари и алкохол.
Правилната детоксикација може да има позитивни ефекти како намалување на килограмите, зголемени виталност и енергија, подобра циркулација, концентрација и подобра работа на срцето.
Ви предлагаме да прочитате и Детоксикација во 5 чекори.