Полека, но сигурно дигестивните бисквити се почесто може да се најдат на рафтовите низ маркетите. А, дали досега сте пробале дигестивни бисквити? Дали знаете по што се разликуваат во споредба со класичните бисквити? Време е да дадеме одговор на вашите прашања и да ве запознаеме подетално со придобивките од консумацијата на дигестивни бисквити.
Дигестивните бисквити се креирани да ве држат сити и да ви дадат енергија преку денот, а тоа се должи на нутритивниот состав и изобилството на растителни влакна. А добро е да се знае, дека сите бисквити кои може да се најдат на пазарот не се еднакви. Најдобрите дигестивни бисквити во својот состав треба да содржат интегрално брашно и овес. Затоа при купување добро е да ги читате етикетите. За среќа кај нас имаме баш вакви бисквити. Тоа се дигестивните бисквити Сарита и Деспина кои ги произведува Витаминка.

Ве запознаваме со Сарита и нејзиниот состав
Сарита е најновиот кекс произведен во Витаминка после цели три години работа на испитувања и уходување на неговата рецептура од страна на технолозите.
Во својот состав, бисквитите содржат 5 (пет) целозрнести житарки и тоа:
- снегулки од овес
- интегрално брашно од хелда
- интегрално брашно од пченица
- интегрално брашно од јачмен
- интегрално брашно од ‘рж.
Петте присутни интегрални житарки во бисквитите, богати со нерастворливи и растворливи растителни влакна, ги прават бисквитите корисни за дигестивниот систем. Покрај тоа, бисквитите се збогатени со калциум и со железо, витамини од природно потекло кои даваат посебен и значаен придонес кон нивниот квалитет и потреба за нивна секојдневна употреба на едно до две мали пакувања (од 20-40 g).
Историја на дигестивните бисквити
Дигестивните бисквити биле креирани во 1830 година. Идејата потекнала од Шкотските доктори кои барале едноставен начин да го поттикнат здравото варење на храната. Бисквитите биле креирани во форма на плоскати кругови, а станале доста популарни и започнале масовно да се произведуваат. Оригиналниот рецепт вклучувал интегрално брашно, путер и прашок за печиво.
Типови на дигестивни бисквити
Постојат неколку типови на дигестивни бисквити, некои се стандардни, а некои прелиени со чоколадо од едната страна. Масовното производство на дигестивни бисквити со чоколадо започнало во 1925 година. Дигестивните бисквити се препорачуваат во комбинација со чај. Освен Сарита, едни од нашите омилени дигестивни бисквити се Деспина кои се достапни во повеќе вкусови. Ги има со овесни снегулки, црно чоколадо, портокал, суво грозје, лешник, манитол и фруктоза. Повеќе информации за овие кекси, може да прочитате на линкот.
Па, ако имате потреба да каснете нешто слатко за ужина, изберете дигестивни бисквити Сарита или Деспина. Уживајте во светот на вкусовите со Витаминка!
Ви предлагаме да прочитате: Најчести грешки при подготовка на чај кои можеби ги правите.
*Комерцијален текст