Дали имаш забележано промени на кожата во лето? Прекумерната топлина и влажност ѝ штетат на кожата, а со тоа негата мора да биде на прво место. Црвенила, чешање, изгореници од сонцето, акни и нерамномерен тен се дел од најчестите промени кои се јавуваат на кожата во лето. А како да твојата кожа да блеска и да сјаје? Продолжи со читање и дознај кој природен сапун најмногу одговара на твојот тип на кожа.

Како летото влијае врз кожата?
Како што времето станува потопло и влажноста расте, лојните жлезди започнуваат да произведуваат повеќе себум (природни масла). Маслата кои се излачуваат остануваат на кожата и доведуваат до мрсен изглед на кожата, лепливост и затнување на порите. Како резултат на тоа можна е појава на акни кои се чест проблем во летните месеци. Лицата кои имаат мрсна кожа се посклони на акни, а причина за тоа е што бактериите и себумот се мешаат со потта, со што порите се затвораат и се појавуваат акни.
Кога кожата е изложена на штетните УВ зраци, се зголемува меланинот за да ја заштити кожата од оштетување од сонцето. Прекумерниот меналини доведува до потемен тен. Други проблеми кои може да се појават се чешање, изгореници од сонцето, осипи како резултат на сензитивноста на сонцето.
Како да се грижиш за кожата во лето?
Миење на лицето со природни сапуни за да се отстрани себумот
Во лето, масната кожа станува уште помасна. Затоа е важен правилен избор на средство за миење кое длабоко ќе ја исчисти и ќе ја отстрани нечистотијата. Најдобри средстава се природните сапуни кои се pH баласирани. Еве што може да препорачаме за секој тип на кожа:
За мрсна и проблематична кожа – природен сапун со ладно цедено масло од црно семе и активен јаглен
Мрсната и проблематична кожа ги засега поголем дел од адолесцентите како и останатите возрасни групи. Од овој тип на кожа страдаат повеќе од 70% од младите луѓе низ светот. А во лето, речиси секој се соочува со мрсна кожа на лицето. Маслото од црно семе е едно од најважните масла кое човечкиот организам треба да го прима. Изобилува со витамин Б, фолна киселина, калциум, железо, бакар, цинк и фосфор. Ова се компонентите кои се неопходни за негување на мрсна и проблематична кожа. Затоа се препорачува секојдневна употреба на сапунот Фила, изработен од ладно цедено масло од црно семе, за да може да ги остранете нечистотиите и да го одржете природниот изглед на кожата.

Може да те интересира: Масло од црно семе – топ 5 придобивки за здравјето.
За нежна и чувствителна кожа – сапун со ладно цедено масло од тиквини семки
Сапунот со ладно цедено масло од тиквини семки е вистински извор на витамини Е, К и Б, манган, калциум и калиум. Овој природен производ е неопходен за правилно негување и одржување на нежна, осетлива и чувствителна кожа.
За хидратација и потхранување на сувата кожа – сапун со ладно цедено масло од чиа
За успешно хидрирање и потхранување на вашата кожа се препорачува сапунот од ладно цедено масло од чиа. Поради големиот извор на Омега-3 и Омега-6 масни киселини, антиоксиданси, витамин Ц, Е, протеини и фенолни киселини овој сапун е вистинскиот избор за успешно одржување на сјајна, млада, потхранета и хидрирана кожа.

Прочитај: Ладно цедено масло од чиа семе – заштитник од оксидативен стрес.
За регенерација и смирување на чувствителната и сува кожа – природен сапун со ладно цедено масло од лен
Вратете ја еластичноста на вашата кожа преку природен пат, со природниот, рачно изработен сапун Фила, кој е изработен со ладно цедено масло од лен. Како резултат на есенцијалните масни киселини кои се присутни во маслото од лен, преку овој сапун ќе овозможите подобра нега на вашата кожа, ќе ја регенерирате и смирите.
Дознај повеќе за природниот третман со ленено масло за кожа без брчки.
За подмладување и тонирање на уморната кожа – сапун со ладно цедено масло од сусам
Кожата ти изгледа уморно, без сјај? Да се вратиме кон моќните лековити и негувачки својства на природата со користење на Фила сапунот изработен со ладно цедено масло од сусам. Како резултат на високото ниво на витамин Е и на Б – комплекс групата на витамини присутни во маслото од сусам, овој сапун изобилува со екстракти кои содржат моќни биоактивни молекули со докажано и ефикасно дејство за нега и убавина на кожата. Се што ни е потребно за негувана и здрава кожа е вистински сапун и вода!
Природните сапуни од Фила може да се набават онлајн преку нивната веб продавница или Facebook фан страница.
Грижи се за себе, грижи се за природата и блескај ова лето!
Може да те интересира: Ладно цедено масло од кајсија – природна помош за здрав организам, убава кожа и коса.