домашен омекнувач за алишта

Домашен омекнувач на алишта со две состојки

Омекнувачите за алишта кои ги купуваме не се најидеални, особено за луѓето кои имаат осетлива кожа. Затоа, ви предлагаме да направите потполно природен домашен омекнувач за алишта кој не предизвикуваа алергии и иритација на кожата.

Иритациите на кожата кои се предизвикани од прашоците за алишта и омекнувачите не се ретка појава. Но, ако направите домашен омекнувач за алишта можете да ги избегнете тие проблеми.

Основата на домашниот омекнувач е киселината која е најдобар сојузник за мекост на алиштата. Освен тоа, обичната бела киселина помага побрзо да се отстранат остатоците од прашокот за алишта. Едноставно што треба да направите е во преградата за омекнувач, да ставите киселина и да ја вклучите машината како и обично. После перењето можеби ќе почувствувате мирис на киселината, но не берете гајле. Штом алиштата се исушат, мирисот ќе исчезне. Доколку перите светла облека, лимонот може да ви помогне за совршено бели алишта.

омекнувач за алишта

Домашен омекнувач за алишта со две состојки

Имаме и подобра идеја! За подобар мирис на алиштата можете да додадете етерично масло. Изберете етерично масло од портокал или лимон за светли алишта, кои се борат против дамки. Ставете етерично масло од лаванда која дава смирувачки мирис, а маслото од нане ќе ги освежи алиштата и ќе ги неутрализира непријатните мириси.

Еве како може да направите домашен омекнувач за алишта со две состојки. Потребни ви се:

  • 375 мл бела киселина
  • 30 до 40 капки етерично масло по избор (лаванда, нане или комбинација од портокал и лимон)

Сите состојки измешајте ги и ставете ги пластично шише. Пред употреба протресете го шишето и ставете ја стандардната количина од новиот омекнувач во машината.

Интересно е тоа што дел од овие етерични масла имаат и антибактериски својства и може да ја дезинфицираат облеката. Етеричните масла не се задолжителни, затоа што и киселината делува антибактериски. Но, сепак ве советуваме да ставите неколку капки етерично масло, затоа што мирисот ќе биде неодолив, а алиштата меки. Овој домашен омекнувач особено се препорачува доколку водата во вашето домаќинство е тврда.  А ако на вашите алишта има дамки, прочитајте ги овие трикови за ефикасно отстранување.

Ви предлагаме да прочитате: Природен омекнувач за алишта – брзо, безбедно и ефтино.

Сподели: