Сите ние ги сакаме маските и пилинзите! На лицето, косата и телото. Но, дали сте користеле маски или пилинг за нокти? Па, може да кажеме дека ноктите се единствениот дел од телото на кој ретко посветуваме внимание и ставаме пилинг или маска.
Маските прават да се чувствуваме разгалено, а тоа е најдобрата работа од нив. Ноктите, исто како и секој дел од телото треба да се негуваат. Сите се грижиме за секој дел од телото, но често ги забораваме нашите нокти кои понекогаш пукаат и се кршат.
Најчестите проблеми кои ги имаат луѓето се слаби нокти кои се лупат, пожолтени нокти со дамки, суви и лесно кршливи нокти. Ние ви предлагаме неколку решенија за овие проблеми, а она што ви треба се наоѓа во кујната.

Пилинг за нокти од лимон и сода бикарбона
Сигурно барем еднаш во живот сте забележале дека вашите нокти имаат жолтеникава или друга боја, по нанесувањето на темни лакови. Маската од лимон и сода е особено корисна за отстранување и намалување на овие дамки. Лимонот ги чисти дамките, а содата бикарбона овозможува ефект на ексфолијација.
Состојки:
- 1 лажица сода бикарбона
- свеж сок од лимон.
Подготовка:
- Во мал сад ставете ја сода бикарбоната и додајте малку свеж сок од лимон, па измешајте ги состојките. Може да забележите реакција, па оставете ја маската кратко време.
- Потоа маската нанесете ја на ноктите и оставете ја да делува за време од 10 минути. На крај, површината на ноктите масирајте ја со пилингот и измијте ги со топла вода.
Ви предлагаме да прочитате: 4 совети за здрави и цврсти нокти.