Сладоледот е омилениот десерт на сите возрасти! Разладете се во овие жешки денови и пробајте го домашниот сладолед од здрави состојки кој ни го предлага нашата пријателка Елизабета. Наведената количина на состојки е за 4 сладоледи, но вие слободно може да ја дуплирате дозата.
Ова лето збогатете ги вашите сетила со домашен сладолед од здрави состојки. Вкусен и освежителен, готов за кратко време!

Состојки:
За 4 сладоледи:
- 200 г чоколадо
- 1 лажица кокосово масло
- 1 замрзната банана
- 2 лажици путер од кикирики или друг путер по желба
- по потреба растително млеко.
За карамел смеса:
- 10 урми
- 1 лажица таан
- ½ чаша растително млеко или по потреба
- 1 лажичка кокосово масло
- ½ лажичка екстракт од ванила
- прстофат сол.
Подготовка:
- Бананата ја исечкајте ја на кругови и ставете ја во замрзнувач да замрзне.
- Чоколадото растопете го и додајте кокосово масло. Измешајте и премачкајте ги калапите за сладолед. Потоа, ставете ги во фрижидер.
- Урмите прелијте ги со топла вода и оставете ги да отстојат. Исчистете ги и ставете ги во блендер заедно со останатите состојки за карамел смесата. Изблендирајте за да добиете хомогена смеса. Доколку смесата е многу густа додајте малку млеко и измешајте. Смесата ставете ја во посебен сад и тргнете ја настрана.
- Замрзнатата банана ставете ја во блендер и изблендирајте ја заедно со путерот од кикирики. Во зависност од густината, по потреба додајте млеко за да добиете кремаста смеса.
- Откако чоколадото ќе се стврдни, калапите за сладолед извадете ги од фрижидер. Ставете прво од карамел смесата , а потоа од смесата со банана. Покријте ги со растопено чоколадо и оставете ги во фрижидер најмалку половина час.
Совет плус:
- Доколку немате калапи за сладолед, може да го направите во тава и потоа да го сечете на коцки.
Автор на рецептот: Елизабета Пешовска (My little kitchen stories).
Ви предлагаме да прочитате: 3 рецепти за неодоливо вкусни вегански сладоледи.