За сите љубители на кафето имаме супер изненадување, рецепт за домашен сладолед од кафе! Нашата пријателка Лана ни дава нова идеја! Сега, покрај утринското кафе, денот може да ни започне и со прекрасен десерт со истата добро препознатлива арома. Истовремено разладување и освежување, мераци!
Ова е супер идеја со која може да ги изненадите вашите пријатели кои ве посетиле на кафе. Зошто кафето секогаш да се служи на традиционален начин, кога од него може да се подготват и прекрасни десерти? – Сигурни сме дека никој нема да замери, ако наместо чаша ладно кафе, добие сладолед. А, на оние страснитељубители на кафе може да им ги послужите и двете варијанти. Според нас нема подобра комбинација од ладно кафе со сладолед. Пробајте и уверете се!

Состојки:
- 400 мл кондензирано млеко
- 200 г слатка павлака
- 2 лажици шеќер во прав
- 1 ќесичка ванилин шеќер
- 100 г појако варено кафе
Подготовка:
- Најпрво сварете го кафето и оставете го да се излади.
- Потоа, измешајте го кондензираното млеко со изладеното кафе, шеќерот во прав и ванилиниот шеќер.
- Слатката павлака изматете ја во цврст шлаг, а потоа внимателно промешајте ја со веќе припремената мешавина од кафе. Додајте шеќер по вкус, па промешајте уште малку со жица за матење за да се соединат состојките.
- По желба може да додадете и мали парчиња чоколадо.
- Вака подготвениот сладолед префрлете го во длабок пластичен сад со капак кој добро затвора и ставете го во замрзнувач за да се излади и стегни. Повремено мешајте го за да не се создаде кора од мраз на површината од сладоледот.
- Откако сладоледот доволно ќе се излади послужете го со вафла или ладно фрапе. Обично идеално здрвен е за 1-1.5 час. На здравје!
Совет плус: На истиот начин може да си направите сладолед од чоколадо или било кое овошје.
Ви препорачуваме да прочитате: Здрав чоколаден сладолед со портокал.